Download Print this page

Oral-B iO Manual page 107

Hide thumbs Also See for iO:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Полнење и работа
• За да ја наполните батеријата, ставете ја четкичката за
заби на вклучен полнач (6).
• Нивото на полнење е означено на интерактивниот екран
(4). Штом ќе се наполни целосно, екранот се гаси.
Целосното полнење обично трае 12 часа.
• Ако батеријата е речиси празна, моторот ја намалува
својата брзина, а паметниот сензор за притисок (3)
наскоро почнува да трепка црвено. Откако батеријата ќе
се испразни, моторот ќе запре; ќе биде потребно
полнење од најмалку 30 минути за една употреба.
Напомена: Во случај батеријата да е празна (екранот е
исклучен), наполнете ја барем 30 минути.
• Секогаш може да ја чувате рачката на приклучениот
полнач за да биде целосно полна; самиот уред спречува
преполнување на батеријата.
Напомена: Чувајте ја рачката на собна температура за
оптимално одржување на батеријата.
Внимание: Не изложувајте ја рачката на температури
повисоки од 50 °C/ 122 °F.
Користење на четкичката за заби
Започнете со четкање
На рачката ставете ја главата на четкичката. Помеѓу рачката
и главата на четкичката треба да остане мал процеп.
Подигнете ја рачката од приклучениот полнач или
едноставно земете ја за да ја разбудите (екранот ќе се
вклучи). Намокрете ја главата на четкичката и нанесете
паста за заби. За да избегнете прскање, поставете ја
главата на четкичката до забите пред да ја вклучите рачката
со притискање на копчето за вклучување/исклучување.
Напомена: Екранот се исклучува после некое време. Може
да го притиснете копчето за вклучување/исклучување за
повторно да го активирате.
Водете ја главата на четкичката од заб на заб. Четкајте ги
надворешните, внатрешните и површините за џвакање.
Подеднакво исчеткајте ги сите четири страни на устата.
Исто така, може да се консултирате со вашиот стоматолог
или забен хигиеничар за техниката на четкање што
најдобро ви одговара.
После четкањето, екранот ви дава повратни информации
според времето поминато во четкање.
Во првите денови на користење на која било електрична
четкичка за заби, вашите непца може малку да крварат.
106

Hide quick links:

Advertisement

loading