Makita DHR171 Instruction Manual page 42

Hide thumbs Also See for DHR171:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го комплетот
со чаша за прав кога дупчите во метал или
слично. Тоа може да го оштети комплетот со чаша
за прав поради топлината што се произведува
од ситната метална прашина или слично. Не
монтирајте го, ниту отстранувајте го комплетот
со чаша за прав додека бургијата е поставена во
алатот. Тоа може да го оштети комплетот со чаша
за прав и може да предизвика излегување на
правта.
Пред да го монтирате комплетот со чаша за прав,
ако на алатот е поставена бургија, извадете ја.
Монтирајте го сепараторот, така што
неговитежлебови ќе се совпаднат со испупчувањата
на резервоарот на алатот додека истиот го
проширувате. Внимавајте да не падне пружината од
отворот на сепараторот.
► Сл.15: 1. Сепаратор 2. Пружина
► Сл.16
Монтирајте го страничниот држач (опционалниот
комплет за основа на држачот и држачот отстранет
од стандардниот страничен држач), така што
неговиот жлеб ќе се совпадне со испупчувањето
на сепараторот. Завртете го држачот во насока на
стрелките на часовникот за да го обезбедите.
► Сл.17: 1. Страничен држач
Монтирајте го комплетот со чаша за прав, така
што клештите на чашата за прав да се вклопат во
отворот на сепараторот.
► Сл.18: 1. Чаша за прав 2. Клешти
НАПОМЕНА: Ако поврзете правосмукалка на
комплетот со чаша за прав, извадете ја чашата за
прав пред да ја поврзете правосмукалката.
► Сл.19: 1. Капаче за прав
За да ја отстраните бургијата, повлечете го
штитникот за главата на дупчалката докрај и
извлечете ја бургијата.
► Сл.20: 1. Бургија 2. Штитник за глава на
дупчалката
За да го отстраните комплетот со чаша за прав,
држете го долниот дел на чашата за прав и
извлечете го.
► Сл.21: 1. Чаша за прав
НАПОМЕНА: Ако капачето се откачи од комплетот
со чаша за прав, прикачете го со испечатената
страна нагоре, така што жлебот на капачето
да се вклопува со внатрешната периферија на
прикачувачот.
► Сл.22
Кука
Опционален додаток
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вадете ја батеријата
кога го закачувате алатот со куката.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не закачувајте го
алатот на високо место или на потенцијално
нестабилна површина.
► Сл.23: 1. Жлеб 2. Кука 3. Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот.
За да ја поставите куката, вметнете ја во жлебот на
куќиштето на алатот од која било страна и потоа
зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
страничната дршка (помошната рачка) и
цврсто држете го алатот за страничната дршка
и за дршката на прекинувачот во текот на
работењето.
ВНИМАНИЕ:
работниот материјал е зацврстен пред да
почнете да работите.
НАПОМЕНА: Ако касетата со батеријата е на
ниска температура, способноста на алатот може
да не биде целосна. Во ваков случај, загрејте ја
касетата со батеријата користејќи го алатот без
оптоварување одредено време за целосно да се
достигне способноста на алатот.
► Сл.24
Ударно дупчење
ВНИМАНИЕ:
вртлива сила што делува врз алатот/бургијата
кога ќе дојде до продирање на дупката, кога
дупката ќе се затне од распрсканите честици
или кога ќе удри во армирани шипки вградени
во бетонот. Секогаш користете ја страничната
дршка (помошната рачка) и цврсто држете го
алатот за страничната дршка и за дршката
на прекинувачот во текот на работењето. Во
спротивно, може да дојде до губење контрола врз
алатот и потенцијална тешка повреда.
Поставете го копчето за менување на режимот на
активноста на симболот
Ставете ја бургијата од дупчалката на саканата
локација за дупката, потоа извлечете го активаторот
на прекинувачот. Не форсирајте го алатот. Ако
користите благ притисок, ќе добиете најдобри
резултати. Одржувајте го алатот во позиција и
спречувајте да се лизне настрана од дупката.
Не применувајте поголем притисок кога дупката ќе
се затне со делканици или честици. Наместо тоа,
работете со алатот во празен ôд, а потоа делумно
извадете ја бургијата од дупката. Повторувајќи го
ова неколкупати, дупката ќе се исчисти и може да се
продолжи со нормално дупчење.
НАПОМЕНА: Бургијата може да почне чудно да
ротира кога алатот работи беа оптоварување.
Алатот автоматски се центрира во текот на
работењето. Ова не влијае врз прецизноста на
дупчењето.
42 МАКЕДОНСКИ
Секогаш користете ја
Секогаш проверувајте дали
Доаѓа до голема и ненадејна
.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dhr171rtjDhr171z

Table of Contents