Makita DHR202 Instruction Manual page 36

Cordless combination hammer
Hide thumbs Also See for DHR202:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не користете „ротирање со ковање"
кога комплетот клин за сопирање на дупчалката
е инсталиран на алатот. Може да е оштетен
комплетот клин за сопирање на дупчалката. Исто,
клинот за сопирање на дупчалката ќе испаднат
кога ќе се стави алатот во обратна акција.
Притискањето силно врз алатот нема
да го забрза дупчењето. Всушност, овој
прекумерен притисок само ќе го оштети врвот
на бургијата, ќе ги намали перформансите на
алатот и ќе го скрати неговиот работен век.
При пробивањето на дупката, врз алатот/
бургијата дејствува огромна сила на виткање.
Држете го алатот цврсто и внимавајте кога
бургијата ќе почне да пробива низ материјалот.
Заглавената бургија може лесно да се извади
со поставување на прекинувачот за обратна
акција на обратна ротација за да се повлече
назад. Сепак, алатот може да отскокне наназад
нагло ако не го држите доволно дврсто.
Секогаш прицврстувајте ги малите работни материјали
на менгеме или сличен уред за прицврстување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
секогаш проверувајте дали алатот е исклучен
и батеријата е извадена.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на јагленските четкички
► Сл.22: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски
четкички.
Отстранете ги капаците на држачите со ставање на
изрецканата бургија на шрафцигерот во вградениот
дел во алатот и подигнете ја.
► Сл.23: 1. Дел за повлекување 2. Капак на држач
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
► Сл.24: 1. Капаче на држач на четкичка
2. Одвртка
Преинсталирајте го капакот на држачот на алатот.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Бургии со врвови од карбид SDS-Plus
Остра челична шипка
Ладно длето
Длето за делење
Длето за жлебови
Комплет клин за сопирање за дупчалката
Клин за сопирање за дупчалката S13
Адаптер за клинот
Клуч за клинот S13
Средство за подмачкување на бургијата
Странична дршка
Мерач на длабочина
Издувна пумпа
Чаша за прав
Додаток за извлекување прав
Заштитни очила
Пластичен кофер за носење
Клин за сопирање без клуч за дупчалка
Различни видови оригинални батерии и
полначи на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
36 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dhr202z

Table of Contents