Makita DHR202 Instruction Manual page 33

Cordless combination hammer
Hide thumbs Also See for DHR202:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое прилагодување или проверка
на алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
батеријата
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Батерија
Секогаш исклучувајте го алатот пред
ставањето или вадењето на батеријата.
За да ја извадите батеријата, повлечете ја од
алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на батеријата.
За вметнување на батеријата, порамнете го
јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Секогаш ставајте ја до
крај додека не се заклучи во место при што ќе
се слушне кликнување. Ако можете да го видите
црвениот индикатор на горната страна од копчето,
тоа значи дека не е поставена целосно. Поставете
ја целосно такашто црвениот индикатор да не
може да се види. Во спротивно, може ненадејно
да испадне од алатот предизвикувајќи повреда
вам или некому друг околу вас.
Не користете сила при вметнувањето на
батеријата. Ако батеријата не се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
(литиум-јонска батерија со ознака
на ѕвезда)
► Сл.2: 1. Ознака со ѕвезда
Литиум-јонските батерии со ознака на ѕвезда
се опремени со заштитен систем. Овој систем
автоматски го прекинува напојувањето на алатот за
да го продолжи работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се поставени под еден
од следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што
предзивикува тој да повлекува
ненормално висока електрична енергија.
Во таква ситуација, отпуштете го
прекинувачот на алатот и запрете ја
примената што предизвикала алатот
да се преоптовари. Потоа повлечете го
прекинувачот за стартување повторно за
рестартирање на алатот.
Ако алатот не се вклучува, тоа значи
дека батеријата е прегреана. Во таква
ситуација, оставете ја батеријата да се
олади пред повторно да го повлечете
прекинувачот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата
е пренизок и алатот нема да работи. Во
таква ситуација, извадете ја и наполнете
ја батеријата.
Вклучување
► Сл.3: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата во
алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за
исклучување на алатот.
Вклучување на ламбичката
► Сл.4: 1. Ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во светлината или во
изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да работи додека
прекинувачот е повлечен. Таа автоматски ќе се
исклучи по 10 до 15 секунди откако прекинувачот ќе
се отпушти.
НАПОМЕНА:
Користете сува крпа за бришење на
прашината од леќата на ламбата. Внимавајте
да не ја изгребите леќата на ламбата, во
спротивно може да се намали интензитетот
на осветлување.
Не користете разредувач или бензин за да ја
исчистите ламбичката. Таквите растворувачи
можат да ја оштетат.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.5: 1. Рачка за прекинувач за назад
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот .
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја насоката на
ротација пред работата.
Користете го прекинувачот за обратна акција
само откако алатот целосно ќе застане.
Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
Кога не работите со алатот, секогаш
поставувајте го прекинувачот за обратна
акција во неутрална положба.
33 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dhr202z

Table of Contents