Makita UB001G Instruction Manual page 59

Cordless blower
Hide thumbs Also See for UB001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Прикачување на прерамката
ВНИМАНИЕ:
Кога ја користите машината во
комбинација со тип на напојување од ранец како што е
пренослив пакет за напојување, не користете го ременот
за рамо вклучен во пакувањето на машината, туку
користете го висечкиот појас препорачан од Makita.
Ако ставате прерамка вклучена во пакувањето на машината
и ремен за рамо со тип на напојување од ранец во исто
време, вадењето на машината или типот на напојување
од ранец е тешко при итен случај и може да предизвика
несреќа или повреда. За препорачаниот висечки појас,
прашајте го овластениот сервисен центар на Makita.
ВНИМАНИЕ:
Прикачете ги цврсто куките од
прерамката на машината. Доколку куките се прикачени
нецелосно, може да се откачат и да предизвикаат повреда.
ВНИМАНИЕ:
Задолжително користете ја
прерамката наменете за овој алат. Користењето
на друга прерамка може да предизвика повреда.
Прикачете ги куките од прерамката на машината
како што е прикажано на сликата.
► Сл.11: 1. Кука
Исто така може да ја прикачите прерамката на
машината како што е прикажано на сликата прикачувајќи
го едниот крај од прерамката на токата од прерамката.
► Сл.12: 1. Тока
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување или
проверка на машината, секогаш проверувајте
дали е исклучена и касетата за батеријата е
извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте ја
машината пред да ја монтирате или отстраните
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги машината
и касетата за батеријата цврсто кога ја
монтирате или вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите цврсто машината и касетата
за батеријата, тие може да се лизнат од вашите
раце и да дојде до нивно оштетување, како и до
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно,
може ненадејно да испадне од машината,
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
► Сл.13: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од машината додека го лизгате копчето на
предната страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, не е целосно
блокирана во место.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.14: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе се исклучи
за време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
59 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents