Опис На Функциите - Makita M5802 Instruction Manual

Hide thumbs Also See for M5802:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
11.
Чувајте го сечилото остро и чисто.
Наслагите и дрвените отпадоци кои остануваат
залепени на сечилото, ја забавуваат пилата и
го зголемуваат потенцијалот за повратен удар.
Одржувајте го сечилото чисто прво вадејќи го
од алатот, потоа чистејќи го со отстранувач
на наслаги, врела вода или керозин. Никогаш
немојте да користите бензин.
12. При користење на алатот, носете заштитна
маска за прашина и заштита за слухот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја прилагодите
длабочината за сечење, секогаш затегнете ја
рачката.
► Сл.7: 1. Рачка
Отпуштете ја рачката на граничникот за длабочина и
поместете ја основата нагоре или надолу. На саканата
длабочина за сечење, прицврстете ја основата со
затегнување на рачката.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја дебелината
на сечење, така што под работниот материјал да не стрчи
повеќе од еден заб од сечилото. Користењето соодветна
дебелина на сечење помага во намалувањето на
потенцијалот за опасни ПОВРАТНИ УДАРИ кои можат да
предизвикаат телесна повреда.
Косо сечење
► Сл.8: 1. Клемаста завртка 2. Скала за косо
сечење
Олабавете ги клемастите завртки. Поставете го
саканиот агол (0° - 45°) со соодветно навалување, а
потоа затегнете ја стегата со завртките.
Нишанење
► Сл.9: 1. Линија за сечење (положба од 0°)
2. Линија за сечење (положба од 45°)
За рамни засеци, порамнете ја положбата од 0° на предната
страна од основата со вашата линија на сечење. За коси
засеци под агол од 45°, порамнете ја со положбата од 45°.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
35 МАКЕДОНСКИ
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
приклучите кабелот во мрежата, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
► Сл.10: 1. Прекинувач 2. Копче за блокирање/
копче за одблокирање
За алат со копче за блокирање
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за да сопрете. За континуирана
работа, повлечете го прекинувачот, притиснете
го копчето за блокирање и потоа отпуштете
го прекинувачот. За да го запрете алатот од
блокираната положба, целосно повлечете го
прекинувачот и потоа отпуштете го.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON" за поголема удобност
за лицето што ракува со алатот при подолготрајна
употреба. Бидете внимателни кога го блокирате
алатот во положбата „ON" и одржувајте стабилен
зафат на алатот.
За алат со копче за одблокирање
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот без да се
притисне копчето за блокирање. Прекинувачот
што треба да се поправи може да резултира со
ненамерно стартување на алатот и тешка телесна
повреда. Вратете го алатот во сервисен центар на
Makita за соодветна поправка ПРЕД натамошна
употреба.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот без да го притиснете копчето за
заклучување. Тоа може да предизвика дефект на
прекинувачот.
Пред да го
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents