Makita DUH604S Instruction Manual page 62

Cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for DUH604S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За основно работење, навалете ги сечилата за
стрижење во насока на стрижењето и движете ги
мирно и бавно со брзина од 3 до 4 секунди на метар.
► Сл.27
За рамномерно стрижење на живата ограда, врзете
ја жицата на саканата висина на живата ограда и
стрижете по нејзина должина.
► Сл.28
Примачот на деланки ги собира отфрлените листови
и многу го олеснува понатамошното расчистување.
► Сл.29
За рамномерно стрижење на страните на живата
ограда, сечете од долу нагоре.
► Сл.30
Кога сакате да направите кружен облик (потстрижување
зеленика или рододендрон, итн.), потстрижувајте од
коренот до врвот за убава завршница.
► Сл.31
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, одржувањата или дотерувањата
треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички
центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
Чистете го алатот, така што ќе ја бришете прашината со
сува крпа или крпа натопена во сапуница, па исцедена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржување на сечилото за стрижење
Пред работењето или еднаш на час за време на
работата, нанесете масло со ниска вискозност
(масло за машини или масло за подмачкување во
вид на спреј) на сечилата за стрижење.
► Сл.32
По работата, исчистете го правот од сечилата за
стрижење со жичена четка, избришете го со крпа и потоа
нанесете доволна количина масло со ниска вискозност
(масло за машини или масло за подмачкување во вид на
спреј) на сечилата за стрижење.
► Сл.33
ЗАБЕЛЕШКА:
Не мијте ги сечилата за
стрижење во вода. Во спротивно, може да дојде
до кородирање или оштетување на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Нечистотијата и корозијата
предизвикуваат прекумерно триење на сечилата и
го намалуваат работното време на полната батерија.
Чување
Дупчето за закачување на дното од алатот е погодно
за закачување на алатот на шајка или завртка на
ѕидот.
Извадете ја касетата за батерија од алатот, а потоа
поставете го капакот на сечилото на сечилата
за стрижење, така што сечилата нема да бидат
изложени. Складирајте го алатот надвор од дофат
на деца. Складирајте го алатот на место што не е
изложено на влага или дожд.
► Сл.34: 1. Отвор
Брусење на сечилата за стрижење
ЗАБЕЛЕШКА:
значително се деформирале со брусење,
заменете ги со нови.
1.
Монтирајте ја касетата за батерија на алатот.
2.
Вклучете го и стартувајте го алатот така
што горното и долното сечило се поставуваат
наизменично.
► Сл.35
3.
Исклучете го алатот и извадете ја касетата за
батерија од него.
4.
Поставете го аголот на турпијата на 45° и
брусете го горното сечило од 3 насоки со турпијата.
► Сл.36: (1) Турпија (2) 45°
ВНИМАНИЕ:
стрижење, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена
од алатот.
5.
Поставете го алатот наопаку и потоа
отстранете ја назабеноста од сечилата за стрижење
со турпија.
► Сл.37: 1. Турпија
6.
Поставете го аголот на турпијата на 45° и
брусете го долното сечило од 3 насоки со турпијата.
7.
Вратете го алатот во нормална положба и
потоа отстранете ја назабеноста од сечилата за
стрижење со турпија.
Подмачкување со масло
Интервал на подмачкување: на секои 100 часа
работење
1.
Извадете ја завртката од отворот за
подмачкување.
► Сл.38: 1. Завртка
2.
Извадете го капачето од садот со масло.
Порамнете го излезот на садот за масло со отворот
на капакот, а потоа притиснете го излезот на садот
за масло на отворот.
► Сл.39: 1. Сад со масло 2. Отвор
3.
Нанесете масло на алатот (Приближно 5 г како
насочувач).
4.
Затегнете ја завртката.
62 МАКЕДОНСКИ
Доколку сечилата за стрижење
Пред брусење на сечилата за

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duh754s

Table of Contents