Makita CL072D Instruction Manual page 40

Cordless
Hide thumbs Also See for CL072D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Ламба за енергија на батеријата
► Сл.4: 1. Ламба за енергија на батеријата
Кога преостанатиот капацитет на батеријата ќе
падне на ниско ниво, ламбата за енергија на
батеријата почнува да трепка.
Кога преостанатиот капацитет на батеријата падне
на многу ниско ниво, алатот се исклучува во текот
на работата и ламбата за енергија на батеријата се
вклучува и свети околу 10 секунди. Во тој момент,
извадете ја батеријата од алатот и наполнете ја.
НАПОМЕНА:
Времето во кое ламбата за енергија на
батеријата почнува да трепка или се
вклучува зависи од температурата на
работното место и условите на батеријата.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка
на алатот, секогаш проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Фрлање на правот во отпад
ВНИМАНИЕ:
Испразнете го чистачот пред да се наполни
прекумерно, во спротивно, ќе се намали
силата на смукање.
Испразнете го правот што се наоѓа внатре во
самиот чистач. Во спротивно, сунѓерестиот филтер
може да се затне или моторот може да се оштети.
Никогаш не фрлајте го запирачот на прав
бидејќи тој треба да се користи секогаш кога се
користи вреќата за прав или хартиената торба.
► Сл.5: 1. Преден капак 2. Копче
1.
Притиснете го копчето за да го отворите
предниот капак. Отворајте го додека не слушнете
кликнување што дозволува позитивна положба.
► Сл.6: 1. Преден капак 2. Спојка на преден капак
НАПОМЕНА:
Чистачот е конструиран на таков начин што
предниот капак излегува кога ќе се обидете насилно
да го отворите предниот капак под агол поголем
од 90°. Ако предниот капак излезе, вметнете го во
спојката за предниот капак на своето место.
ВНИМАНИЕ:
Кога го затворате предниот капак, внимавајте
да не ги потфатите вашите нокти.
► Сл.7: 1. Запирач на прав
2.
Извлечете ги истовремено двете портокалово-
обоени запирач на прав и вреќа за прав заедно.
► Сл.8: 1. Запирач на прав
► Сл.9
3.
Извадете го запирачот на прав и испразнете го чистачот.
Вреќа за прав и хартиена торба
Монтирајте или вреќа за прав или хартиена торба
пред да започнете со употреба на чистачот.
Користете го запирачот на прав кога имате
монтирано или вреќа за прав или хартиена торба.
Вреќата за прав може да се користи повеќекратно
притоа чистејќи ја.
Хартиената торба служи за една употреба и се фрла
во отпад по употребата. Кога ќе се наполни, фрлете
ја во отпад целосната хартиена торба без да ја
празните.
Монтирање на вреќата за прашина
► Сл.10: 1. Горна страна на запирачот на прав
2. Долна страна на запирачот на прав
Користете го запирачот на прав кога ја монтирате
вреќата за прав. Внимавајте да не ги побркате
горната и долната страна по грешка бидејќи се
разликуваат меѓусебе.
► Сл.11: 1. Запирач на прав 2. Жлеб 3. Вреќа за
прав
1.
Вметнете го испакнатиот дел од вреќата за
прав во жлебот на запирачот на прав како што
е покажано на сликата.
► Сл.12: 1. Долен жлеб
2.
Не постои разлика помеѓу горната и долната
страна на вреќата за прав. Може да го
вметнете испакнатиот дел од која било страна
во долниот жлеб на запирачот на прав.
► Сл.13
3.
Преклопете ја рамката на запирачот на прав со
таа на вреќата за прав.
► Сл.14: 1. Празнина на чистачот
4.
Поставете ги запирачот на прав и вреќата за
прав заедно во празнината на чистачот во иста
насока како стрелката на запирачот на прав.
Вметнете ги до крај во отворите во празнината
на чистачот.
► Сл.15
5.
Поставете го целиот дел од платното на
вреќата за прав внатре во самиот алат.
► Сл.16: 1. Преден капак
6.
Целосно затворете го предниот капак.
Монтирање на хартиената торба
► Сл.17
1.
Одвијте го влезот на хартиената торба пред да
ја поставите на запирачот на прав.
► Сл.18: 1. Горна страна на запирачот на прав
2. Долна страна на запирачот на прав
Користете го запирачот на прав и кога ја монтирате
хартиената торба. Внимавајте да не ги побркате
горната и долната страна, бидејќи се разликуваат
меѓу себе.
► Сл.19: 1. Запирач на прав 2. Хартиена торба
3. Жлеб
2.
Вметнете го испакнатиот дел од хартиената
торба во жлебот на запирачот на прав како што
е покажано на сликата.
40 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cl102d

Table of Contents