Makita DVC560 Instruction Manual page 61

Cordless upright cleaner
Hide thumbs Also See for DVC560:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
12. ИЗВАДЕТЕ ЈА БАТЕРИЈАТА(ИИТЕ). Кога
не се користи, пред сервисирање и при
промена на додатоците.
13. Исчистете ја и сервисирајте ја
правосмукалката непосредно по секоја
употреба за да ја одржувате во оптимална
работна состојба.
14. ОДРЖУВАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
ГРИЖЛИВО. Одржувајте ја правосмукалката
чиста за подобра и посигурна изведба.
Следете ги упатствата за промена на
додатоци. Рачките нека бидат суви, чисти и
без масло и маснотии.
15. ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА ОШТЕТЕНИ ДЕЛОВИ.
Пред натамошната употреба на правосмукалката,
треба да се провери дали има оштетен штитник
или друг дел за да се утврди дека ќе работи
исправно и правилно ќе ја извршува својата
функција. Проверете ги порамнувањето на
подвижните делови, прицврстеноста на
подвижните делови, трошењето на деловите,
монтажата и која било друга состојба што може
да влијае врз работењето. Оштетените штитник
или друг дел треба соодветно да се поправат
или да се заменат во овластен сервисен центар,
освен ако не е поинаку наведено во ова упатство
за користење. Заменете ги неисправните
прекинувачи во овластен сервисен центар. Не
користете ја правосмукалката ако не може да се
вклучи и исклучи со прекинувачот.
16. РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ. При сервисирањето,
користете само идентични резервни делови
за замена.
17. СКЛАДИРАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
КОГА НЕ СЕ КОРИСТИ. Кога не се користи,
правосмукалката треба да се складира во
затворен простор.
18. Бидете внимателни со вашата
правосмукалка. Ако со неа се ракува грубо,
тоа може да предизвика кршење дури и на
најцврсто изградената правосмукалка.
19. Не обидувајте се да ги чистите
надворешноста или внатрешноста со
бензин, разредувач или хемиски средства
за чистење. Може да дојде до пукнатини и
промена на бојата.
20. Не користете ја правосмукалката во
затворен простор каде што има запаливи,
експлозивни и отровни испарувања од
маслени бои, разредувачи на боја, бензин,
некои средства против молци итн. или во
области каде што има присуство на запалив
прав.
21. Не ракувајте со овој или кој било друг алат
ако сте под дејство на лекови или алкохол.
22. Носете соодветна заштитна опрема, како
што е маска, во зависност од средината на
користење.
23. Оваа машина не е наменета за употреба
од лица, вклучувајќи деца, со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.
24. Треба да се внимава малите деца да не си
играат со правосмукалката.
25. Никогаш не ракувајте со батеријата(иите) и
правосмукалката со влажни раце.
26. Обрнете особено внимание кога чистите скали.
27. Одржувајте добра стабилност и рамнотежа
со нозете цело време.
28. Не користете ја правосмукалката како стол
или како работна маса. Машината може да
падне и тоа да резултира со телесна повреда.
29. Држете ги сите делови од телото и облеката
подалеку од отворите и подвижниот дел,
како на пример ротирачката цилиндрична
четка. Во спротивно, тие може да се зафатат
во уредот и да се предизвика повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
Полнете само со полначот одреден од
1.
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
Исклучиво користете ги електричните
2.
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
3.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата може
да истече течност. Избегнувајте контакт со неа.
Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со
вода. Ако течноста дојде во допир со очите,
побарајте дополнителна медицинска помош.
Течноста што истекла од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
Не користете батерии или алат што се
5.
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
Не изложувајте ги батериите или алатот
6.
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
7.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
61 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents