Makita HR3011FC Instruction Manual page 56

Hide thumbs Also See for HR3011FC:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ВРТЛИВАТА ЧЕКАН-ДУПЧАЛКА
1.
Носете штитници за уши. Изложувањето на
бучава може да предизвика губење на слухот.
2.
Користете помошна рачка(и), ако е
доставена со алатот. Губењето контрола може
да предизвика повреда.
Држете го алатот за изолираните држачи кога
3.
вршите работи каде додатокот за сечење
може да дојде во допир со скриени жици или
со сопствениот кабел. Додатоците за сечење
што ќе допрат жица под напон можат да ја
пренесат струјата до металните делови на алатот
и да предизвикаат струен удар на операторот.
4.
Носете тврда капа (заштитен шлем), заштитни
очила и/или штитник за лице. Обичните очила
или очилата за сонце НЕ СЕ заштитни очила.
Сериозно се препорачува да носите маска што
штити од прав и дебело обложени ракавици.
5.
Проверете дали бургијата е зацврстена пред
да почнете да работите.
6.
При нормално работење, алатот создава
вибрации. Шрафовите можат лесно са се
олабават, да предизвикаат прекин на работата
или незгода. Проверете колку цврсто се завртени
шрафовите пред да почнете да работите.
7.
Кога е ладно времето или кога алатот не бил
користен долго време, дозволете алатот да се
загрее за миг, нека работи извесно време без
оптоварување. На тој начин ќе се подмачка. Без
правилно загревање, тешко ќе оди ковањето.
8.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на цврста
подлога. Уверете се дека под Вас нема никој
кога го користите алатот на високи места.
9.
Цврсто држете го алатот со двете раце.
10. Држете ги рацете подалеку од подвижните делови.
11.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
12. Не покажувајте со алатот кон лица што се во
просторот во кој се работи. Бургијата може
да излета и да повреди некого сериозно.
13. Не допирајте ги бургијата, деловите близу главата
или работниот материјал веднаш по работата. Тие
може да бидат многу жешки и да ви ја изгорат кожата.
14. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете ги
упатствата од производителот на материјалот.
15. Не допирајте го приклучокот за напојување
со влажни раце.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
56 МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите
кабелот во мрежата, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
► Сл.1: 1. Прекинувач
Вклучување на предната ламба
Само за HR3011FC. HR3012FC
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
За да ја вклучите ламбата, повлечете го
прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да се исклучи.
► Сл.2: 1. Ламба
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Прекинувач за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
При менување на насоката
на ротација, поставете го прекинувачот за
обратна акција целосно во страна А или страна
B. Во спротивно, кога ќе се повлече прекинувачот
за стартување, моторот може да не ротира или
алатот нема да работи правилно.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
менување на насоката на ротацијата. Поместете
ја рачката на прекинувачот за обратна акција
во положба страна A за ротација во насока на
стрелките на часовникот или во положба страна B
за ротација во насока спротивна од стрелките на
часовникот.
► Сл.3: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hr3012fcHr3001c

Table of Contents