Makita M8103 Instruction Manual page 25

Hide thumbs Also See for M8103:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Избирање на работниот режим
ВНИМАНИЕ:
Секогаш лизгајте го лостот за
промена на работниот режим целосно до крај
на саканата позиција на режим. Ако ракувате со
алатот со лостот поставен во меѓуположба помеѓу
симболите за режими, алатот може да се оштети.
► Сл.3: 1. Рачка за промена на работниот режим
Овој алат има лост за промена на работниот режим.
За ротација со удирање, лизнете ја рачката за
промена на работниот режим надесно (симбол ).
За само ротација, лизнете ја рачката за промена на
работниот режим налево (симбол ).
СОСТАВУВАЊЕ
Монтирање на страничниот држач
(помошна рачка)
ВНИМАНИЕ:
Пред секое монтирање или
вадење на страничната дршка, проверувајте
дали алатот е исклучен и откачен од изворот
на електрична енергија.
► Сл.4: 1. Основа на дршката 2. Запци
3. Странична дршка (помошна дршка)
4. Издаден дел 5. Олабавување
6. Стегнување
Секогаш користете ја страничната дршка заради
безбедност при работа. Монтирајте ја страничната
дршка за запците на дршката да влезат помеѓу
испупчувањата на резервоарот на алатот. Потоа
зацврстете го држачот во саканата положба
вртејќи надесно. Може да се сврти за 360° за да се
прицврсти во која било положба.
Поставување или отстранување
бургија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
алатот е исклучен и откачен од напојувањето
пред поставувањето или отстранувањето
бургија.
За моделот M8103
► Сл.5: 1. Клин за сопирање за дупчалката 2. Клуч
за лежиште
За да ја монтирате бургијата, ставете ја во клинот до
крај. Стегнете го клинот со рака. Поставете го клучот
за клинот во секое од трите дупчиња и завртете
надесно. Рамномерно стегнете ги сите три дупчиња
во клинот.
За ја извадите бургијата, вртете го клинот налево
во само едно од дупчињата, а потоа, олабавете го
клинот со рака.
Откако ќе завршите со користење на клучот за
главата, вратете го во неговата првобитна положба.
За моделот M8104
► Сл.6: 1. Кошулка 2. Прстен
Држете го прстенот и свртете ја кошулката налево
за да ги отворите стегите на клинот. Поставете ја
бургијата во клинот колку што може да оди. Држете
го цврсто прстенот и свртете ја кошулката надесно
за да го стегнете клинот.
За да ја извадите бургијата, држете го прстенот и
свртете ја кошулката налево.
Мерач на длабочина
Опционален прибор
► Сл.7: 1. Странична дршка 2. Мерач на
длабочина 3. Основа на дршката
4. Шестаголна завртка
Мерачот на длабочина е соодветен за дупчење
дупки со иста длабочина. Монтирајте го мерачот на
длабочина по следниов редослед.
1.
Вртете ја страничната дршка налево за да ја
олабавите шестаголната завртка.
2.
Вметнете го мерачот на длабочина и
прилагодете ја длабочината на дупката.
3.
Вртете ја страничната дршка надесно така
што мерачот на длабочина и основата на дршката
целосно да се прицврстат на алатот.
НАПОМЕНА: Мерачот на длабочина не може
да се користи во позицијата при која мерачот на
длабочина ќе удри во телото на алатот.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
страничната дршка (помошната рачка) и
цврсто држете го алатот за страничната дршка
и за дршката на прекинувачот во текот на
работењето.
► Сл.8
Ударно дупчење
ВНИМАНИЕ:
вртлива сила што делува врз алатот/бургијата
кога ќе дојде до продирање на дупката, кога
дупката ќе се затне од распрсканите честици
или кога ќе удри во армирани шипки вградени
во бетонот. Секогаш користете ја страничната
дршка (помошната рачка) и цврсто држете го
алатот за страничната дршка и за дршката
на прекинувачот во текот на работењето. Во
спротивно, може да дојде до губење контрола врз
алатот и потенцијална тешка повреда.
25 МАКЕДОНСКИ
Секогаш користете ја
Доаѓа до голема и ненадејна

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

M8104

Table of Contents