Bosch Professional GDB 180 WE Original Instructions Manual page 203

Hide thumbs Also See for Professional GDB 180 WE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При дупчење, олабавете ја сопирачката за
фиксирање (29) додека вртливиот крст (17) не може
малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот
крст, за да спречите неконтролирано излизгување на
електричниот алат.
Дупчете во 1. брзина со помал број на вртежи, сè додека
крунестата бургија не почне да се врти во материјалот
без вибрации. Потоа, доколку е неопходно вклучете во
2. брзина.
Прилагодете го притисокот при дупчењето на
материјалот. Дупчете со рамномерен притисок.
Повремено повлечете ја бургијата од дупката, за да може
да се отстрани нечистотијата од дупчењето одн.правта од
дијамантските сегменти.
Со вртливиот крст (17) спуштете го надолу електричниот
алат на саканата длабочина на дупчење. Потоа вратете ја
назад, додека крунестата бургија не излезе целосно.
За да се постигне максимално можна работна должина,
мора да го извадите јадрото од дупчењето, штом ќе се
наполни целосно крунестата бургија. Потоа одново
водете ја крунестата бургија во дупката и дупчете додека
не ја постигнете максималната длабочина.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку крунестата бургија се стегне или заглави, ќе се
прекине погонот на вратилото за дупчење. Во ваков
случај веднаш исклучете го електричниот алат, за да
избегнете изабување и вжештување на истиот.
Олабавете ја крунестата бургија со вртење со соодветен
вилушкаст клуч налево или надесно. Внимателно
извлечете го електричниот алат од издупчената дупка.
Заштита од преоптоварување
Доколку се надмине прагот на преоптоварување,
електричниот алат почнува да пулсира. Намалете го
притисокот, додека електричниот алат не се врати во
нормала.
Доколку притисокот на дупчење не се намали,
електричниот алат се исклучува. Потоа веднаш можете да
го вклучите електричниот алат, но ќе треба да работите со
помал притисок на дупчење.
Отстранување на јадрото од дупчењето
Мокро дупчење: По дупчењето оставете ја водата да тече,
за да ја исплакне нечистотијата помеѓу крунестата бургија
и јадрото од дупчењето.
Bosch Power Tools
Доколку јадрото е заглавено во бургијата, удрете ја
крунестата бургија со меко дрво или парче пластика и
исфрлете го јадрото. По потреба истиснете го јадрото со
едно стапче низ крајот за вметнување на крунестата
бургија.
Напомена: Не удирајте со тврди предмети по крунестата
бургија (опасност од деформација)!
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Одржувајте ги назабената летва (26) и водечките
површини на столбовите на дупчалката (20) секогаш
чисти.
По завршување на работата исчистете го вретеното за
дупчење (7). Повремено прскајте ги вретеното за
дупчење и крунестата бургија (8) со средство за заштита
од корозија.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Дополнително подесување на лизгачките водилки
(види слика D)
Со текот на времето лизгачките водилки (34) може да се
изабат и настанува слободен простор помеѓу лизгачките
водилки и столбовите за дупчење. За да го отстраните
овој слободен простор, мора да ги подесите лизгачките
водилки.
Олабавете ги сите десет навртки со шестаголна
глава (35) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 13 mm).
На крај затегнете ги подеднакво навојните клинови (36),
додека не се минимализира слободниот простор.
Повторно затегнете ги навртките со шестаголна глава.
Замената на лизгачките водилки е потребна само доколку
се изаби лизгачкиот слој (црвена боја). Ова се случува
кога црвената боја избледела и на површина ќе излезе
основниот материјал. Се препорачува замената да ја
Македонски | 203
1 609 92A 4NJ | (20.02.2019)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gcr 180Gdb 180 we

Table of Contents