Bosch Professional GDB 180 WE Original Instructions Manual page 201

Hide thumbs Also See for Professional GDB 180 WE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
Ставање/менување на крунестата бургија
Пред да почнете со работа со сталакот за дупчалка
u
или дупчалката, во работните паузи, како и во
периодот кога не го употребувате сталакот за
дупчалка, прицврстете го со затегнување на
сопирачката за фиксирање заради заштита од
ненамерно движење.
Избирање на крунеста бургија
Крунестите бургии од Bosch се означени со боја:
– Крунести бургии за мокро дупчење: сино
– Крунести бургии за суво дупчење: светлосива
Ставање на крунестата бургија
Пред да ги употребите, проверете ги крунестите
u
бургии. Користете само беспрекорни крунести
бургии. Оштетените или деформираните круни за
дупчење може да доведат до опасни ситуации.
Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија.
Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или
испрскајте го со средство за заштита од корозија.
Навртете 1 1/4"-UNC-крунеста бургија (8) на вретеното
за дупчење (7).
Проверете дали е крунестата бургија е цврсто
u
вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно
или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за
време на работењето и да предизвикаат опасност.
Вадење на крунестата бургија
При менувањето на крунестата бургија носете
u
заштитни ракавици. При подолготрајна употреба,
круната за дупчење може да се вжешти.
Олабавете ја крунестата бургија (8) со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 41 mm). Притоа, со друг вилушкаст
клуч (ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на
вретеното за дупчење (7) во спротивен правец.
Приклучување на систем за ладење на вода/
всисување на прав
Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се
ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските
сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија
може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро
дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при
суво дупчење функционално всисување на прав.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора
внимателно да се затвори, за да се овозможи
беспрекорно ладење на крунестата бургија.
Приклучените црева, запорните вентили или
u
опрема не смеат да го попречуваат процесот на
дупчење.
Приклучување на систем за ладење на вода
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода (12) на
канџестата спојка (6) и свртете го до крај во правец на
стрелките на часовникот.
Затворете ја запорната славина за вода (10). Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
Bosch Power Tools
славината (11). Приклучувањето на цевката за довод на
вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
За да ја соберете водата што излегува од дупката при
мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода
и всисувач за мокро/суво всисување (двете ќе ги најдете
како опрема).
Монтирање на прстен за собирање на вода до
всисувањето на вода (види слика C)
Прстенот за собирање на вода (види „Опрема/резервни
делови", Страница 204) е предвиден за користење со
сталак за дијамантска дупчалка GCR 180 и дијамантската
дупчалка GDB 180 WE.
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во
заптивниот поклопец.
Вметнете ја затегнувачката пружина (33) до крај во
процепот меѓу подната плоча (25) и столбот на
дупчалката (20). Внимавајте свитканиот дел на
затегнувачката пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја
затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот
за собирање на вода. (Окцата на краевите на
затегнувачката пружина служат за влечење на истата
нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот
за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат
на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со
вакуумот на всисувачот за мокро/суво всисување.
Приклучување на всисувач за прав
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Поставете го адаптерот за всисување (13) на канџестата
спојка (6) и свртете го до крај во правец на стрелките на
часовникот.
Ставете го цревото за всисување (15) од всисувачот за
мокро/суво всисување (види „Опрема/резервни
делови", Страница 204) коешто е прилагодено и
Македонски | 201
1 609 92A 4NJ | (20.02.2019)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gcr 180Gdb 180 we

Table of Contents