Bosch HWS Series Original Instructions Manual page 352

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 22
OBJ_BUCH-2487-002.book Page 352 Wednesday, November 2, 2016 4:43 PM
352 | Македонски
Отстранување
– Завртувајте го фиксираниот мек диск за полирање 18
со вилушкаст клуч на површината на вретеното за
брусење, додека со вилушкастиот клуч 14 ќе држите
наспроти површината на клучот на вретеното за
брусење 3.
Монтирање на жичани четки (види слика H)
Важи за следните типови:
– 0 602 304 40.
– 0 602 331 5..
– 0 602 324 44., ... 464,
– 0 602 332 5..
... 474, ... 434
– 0 602 334 5..
– 0 602 329 5..
Користење
Внимавајте на тоа, навојот на жичаните четки точно да
одговара на навојот на вретеното за брусење (M14).
– Уверете се, дека се монтирани заштитата за раце и
дополнителната рачка (види „Монтирање на
заштитните уреди", страна 350).
– Завртувајте ја посакуваната жичана четка 19 (лончеста
или плочеста четка) на вретеното за брусење 3, сè
додека цврсто не налегне на површината на клучот на
вретеното за брусење, додека со вилушкастиот клуч 14
држете наспроти површината на клучот на вретеното за
брусење.
Отстранување
– Завртувајте ја фиксираната жичана четка 19 со
вилушкаст клуч на површината на вретеното за
брусење, додека со вилушкастиот клуч 14 ќе држите
наспроти површината на клучот на вретеното за
брусење 3.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 36G | (2.11.16)
Приклучок на напојувањето со енергија
За употреба на електричните апарати потребен ви е
претворач на фреквенции, кој произведува трофазна
струја со фреквенција соодветна на спецификационата
плочка.
Претворачи на фреквенции има во различни големини, со
различни фреквенции, секундарни напони и номинални
јачини. Изборот на претворачот на фреквенции зависи од
електричните апарати кои што треба да се приклучат.
Побарајте совет од вашиот дистрибутер за Bosch при
изборот на претворач на фреквенции.
Електричниот апарат го добивате со специјален кабел од
четири метри без приклучок. За да се пушти во употреба,
специјалниот кабел мора да се обезбеди со четворополен
CEE-приклучок (идентификациона боја зелена).
Освен тоа, електричниот апарат може да биде опремен со
комерцијални заштитни прекинувачи за моторот за
заштита од преоптоварување. Полето за подесување на
овој заштитен прекинувач за моторот мора да ја покрива
номиналната струја на електричниот апарат (види
„Технички податоци"). Заштитниот прекинувач за моторот
мора да реагира за помалку од една секунда.
За тоа почитувајте ги безбедносните напомени и
упатството за монтажа во упатството за работа на
заштитниот прекинувач за моторот!
Монтирање на CEE-приклучок (види слики I1–I2)
– Олабавете ги двете завртки 22 и извлечете го додатокот
за приклучок 21 од куќиштето на CEE-приклучокот 24.
– Исечете го пластичното цевче 25 соодветно на
дијаметарот на специјалниот кабел на електричниот
апарат и вметнете го CEE-куќиштето на приклучокот
преку специјалниот кабел.
– Спроведете ги четирите жици низ кабелската уводница
20.
– Олабавете ги четирите мали завртки 23 во додатокот за
приклучок 21 и вклучете ги
металниот прстен за кафената жица L1 во контактниот
отвор L1,
металниот прстен за сината жица L2 во контактниот
отвор L2,
металниот прстен за црната жица L3 во контактниот
отвор L3
како и металниот прстен на зелено-жолтата жица
заштитниот контактен отвор
.
– Повторно затегнете ги четирите мали завртки 23 во
додатокот за приклучок 21, за да ги фиксирате
четирите жици.
– Потоа затегнете ја кабелската уводница 20 околу
целиот кабел со облогата на кабелот, така што нема да
има затегнување на металните прстени.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок 21 во
куќиштето на CEE-приклучокот 24 и повторно затегнете
ги двете завртки 22.
– На крај проверете ја правилната функција на
заштитниот спроводник.
– Ставете го CEE-приклучокот 24 на електричниот апарат
во приклучниот конектор на претворачот на
фреквенции.
во
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents