Bosch 0 602 211 Series Original Instructions Manual page 218

Hide thumbs Also See for 0 602 211 Series:
Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-2509-002.book Page 218 Tuesday, October 25, 2016 2:36 PM
218 | Македонски
Вклучување/исклучување на претворачот на
фреквенции
Најпрво мора да го активирате претворачот на
фреквенции, пред да можете да го вклучите електричниот
апарат.
За ова следете го упатството за работа на претворачот на
фреквенции.
Вклучување/исклучување на електричниот апарат
– За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 и држете го притиснат.
– За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 3 турнете го прекинувачот за
исклучување/вклучување 3 понапред.
– За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 и потоа
ослободете го.
Совети при работењето
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 По силното оптоварување, оставете го електричниот
апарат уште неколку минути во празен од, за да се
излади.
 Брусните тела за време на работењето стануваат
многу жешки. Не ги допирајте, пред да се оладат.
Работење со рамна брусилка
Изборот на алати за вметнување, како брусни клинови или
брусни плочи во вид на лепеза, се прави според областа
на примена.
Вашиот специјализиран трговец за Bosch ќе ви помогне
при изборот на соодветни брусни тела.
Движете го брусното тело со рамномерен лесен притисок,
за да постигнете оптимални работни резултати.
Преголемиот притисок го намалува учинокот на
електричниот алат и резултира со брзо изабување на
брусното тело.
Брусење со брусен клин
Кај брусните клинови, средство за брусење како на пр.
корунд или силициум карбид, е формирано и зајакнато со
соодветно сврзно средство, како и со евентуален додаток
за зајакнување и на тој начин претставува брусна единица
и единица којашто може да поднесе товар. За време на
користењето, средствата за брусење и сврзното средство
„се употребуваат" истовремено, при што брусниот клин
постепено се намалува.
1 609 92A 36J | (25.10.16)
Брусните клинови се погодни особено за прецизни
машински работи, правење калапи и отстранување
остатоци од метал. Поради висока периферна брзина се
развива висока топлина на делот којшто се обработува.
Брусење со брусни плочи
Брусната плоча треба да се постави рамно при брусењето
и на тој начин ќе добиете најдобар резултат при работата.
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
 Редовно мерете го бројот на вртежи во празен од на
вретеното за брусење. Доколку измерената
вредност е повеќе од 10 % под или над зададениот
број на вртежи во празен од (види „Технички
податоци"), треба електричниот апарат да дадете да
биде проверен од страна на Bosch-сервисната
служба. При превисок број на вртежи во празен од,
алатот за вметнување може да се скрши, а при
пренизок број на вртежи се намалува работниот
учинок.
 Користете исклучиво оригинален кабел! Пред секое
користење на електричниот апарат проверете дали
е оштетен уредот, кабелот и приклучокот. Кабелот и
приклучокот не смеат да се поправаат, туку мора да се
заменат, за да се избегнат опасности.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот апарат.
Исчистете ги со сува крпа вез влакненца и отстранете ги
честичките од прашина и нечистотија од приклучните
конектори, спојките и приклучоците на електричниот
апарат, кој не е приклучен на струјна мрежа.
По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање. На
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents