LG LM-W315 User Manual page 388

Hide thumbs Also See for LM-W315:
Table of Contents

Advertisement

Совети за користење Bluetooth и Wi-Fi на часовникот
При поврзување на производот со други мобилни уреди, уредите мора да
бидат поставени блиску еден до друг. Доколку не е така, може да настане
абнормално работење или бучава, во зависност од околината во која се
употребува.
Во отворен простор, досегот на Bluetooth комуникацијата обично достигнува
околу 10 метри. Овој досег може да се разликува во однос на околината на
користење.
Не ставајте пречки меѓу производот и поврзаните уреди. Излезниот/влезниот
сигнал може да ослаби како последица на телото на корисникот, ѕидовите,
рабовите или пречките. Користете го каде што нема пречки.
Кога користите Wi-Fi врска, часовникот може да добива известувања од вашиот
уред дури и кога не е достапен Bluetooth.
Часовникот ќе бара и ќе се поврзе со најблиската Wi-Fi мрежа врз основа на
листата на Wi-Fi која се забележува на вашиот телефон.
Совети за дисплеј екранот
Не прикажувајте статични слики подолго време. Тоа може да предизвика дамки
на екранот.
Не се препорачуваат апликации кои го прикажуваат истиот екран повеќе
од 10 минути затоа што потенцијалната штета на екранот не е покриена со
гаранцијата.
Изложување на радиофреквентно зрачење
Информации за изложувањето на радиобранови и за специфичната стапка на
апсорпција (SAR).
Овој производ е дизајниран во согласност со важечките безбедносни барања за
изложување на радиобранови. Овие барања се засновани на научни упатства кои
ги вклучуваат безбедносните маргини дизајнирани да ја обезбедат безбедноста на
сите лица, без оглед на возраста и здравствената состојба.
Насоките за изложување на радиобранови применуваат мерна единица
позната како специфична стапка на апсорпција или SAR. Тестовите за SAR се
спроведуваат со користење на стандардизирани методи кога производот
емитува со највисокото ниво на сертифицираната моќност на сите користени
фреквентни опсези.
Иако може да има разлика меѓу нивоата за SAR за различни модели на
производи на LG, сите тие се дизајнирани да ги задоволат релевантните насоки
за изложување на радиобранови.
Безбедносни информации
61

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents