LG LM-W315 User Manual page 339

Hide thumbs Also See for LM-W315:
Table of Contents

Advertisement

Полнење на часовникот
Пред да го користите часовникот за прв пат, треба да ја наполните батеријата.
Користете го држачот за полнење испорачан со часовникот за да ја наполните
батеријата.
Со испорачаниот кабел за полнење може да полните од приклучок или од
компјутер.
Кога батеријата е при крај, иконата на батеријата може да се покаже
како празна. Ако батеријата е целосно празна, часовникот не може да
се вклучи веднаш по поврзувањето на полначот. Дозволете празната
батерија да се полни неколку минути пред да го вклучите уредот. Некои
функции не се достапни додека батеријата се полни.
За да го наполните уредот, секогаш користете ги адаптер за напојување,
држачот за полнење коишто се ипорачани со уредот. Со користење
на додатоци за полнење на трети лица може да дојде до пожар,
електричен удар, повреда или до оштетување на уредот и други
предмети.
НЕМОЈТЕ да го отстранувате задниот капак.
Уредот има батерија што не се вади. Немојте да го отстранувате задниот
капак. Така може сериозно да ги оштетите батеријата и уредот, што
може да предизвика прегревање, пожар и повреда.
1
Поврзете го USB приклучокот на држачот за полнење на адаптерот на
полначот.
2
Приклучете го адаптерот на полначот во приклучокот.
Основни функции
12

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents