LG LM-W315 User Manual page 383

Hide thumbs Also See for LM-W315:
Table of Contents

Advertisement

Пред да го вклучите производот, прегледајте ги основните безбедносни
информации дадени овде.
Совети за безбедност
За да избегнете оштетување на производот и за да го намалите ризикот од пожар
или електричен удар, експлозија или други опасности, видете ги следните мерки
за претпазливост:
За да го наполните уредот, секогаш користете ги вклучените адаптер за
напојување, USB кабел и подлога за полнење што доаѓаат со уредот. Користење
на други решенија за полнење може да предизвика пожар, електричен удар,
повреда или да го оштети уредот и други предмети.
Достапните додатоци може да се разликуваат во зависност од регионот, земјата
или давателот на услугата.
Одредени содржини и илустрации, во зависност од регионот, давателот на
услуги, верзијата на софтверот или оперативниот систем, може да се разликуваат
од вашиот уред и подлежат на промени без претходно известување.
Не го оштетувајте кабелот за напојување со виткање, вртење, тргање,
загревање или со ставање тешки предмети на него.
Овој производ е опремен со подлога за полнење за поврзување со статичен
или пренослив компјутер или со полначот. Осигурајте се дека компјутерот е
правилно приземјен пред да го поврзете производот со компјутерот. Кабелот
за напојување на статичен или пренослив компјутер има спроводник за
приземјување на опремата и приклучок за приземјување. Приклучокот мора да
биде приклучен на соодветен штекер што е соодветно инсталиран и приземјен
според локалните закони и прописи.
Не го отворајте, расклопувајте, гмечете, виткајте или деформирајте,
пробушувајте или сечете производот.
Не ставајте страни предмети во производот.
Не го ставајте производот во микробранова рерна.
Не го изложувајте производот на оган, експлозија или други опасности.
Како и многу други електронски уреди, производот испушта топлина за време
на нормално работење. Исклучително долг, директен контакт со кожата
без соодветна вентилација може да предизвика непријатност или помали
изгоретини. Затоа внимавајте кога ракувате со производот за време на или
веднаш по користењето.
Ако имате проблем со користење на производот, престанете да го користите и
консултирајте се со овластен Центар на службата за корисници на LG Electronics.
Безбедносни информации
56

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents