LG LM-W315 User Manual page 385

Hide thumbs Also See for LM-W315:
Table of Contents

Advertisement

Не правете краток спој на батеријата и не дозволувајте метални спроводливи
предмети да дојдат во контакт со краевите на батеријата.
Користењето на батеријата од страна на деца треба да се надгледува.
Избегнувајте паѓање на уредот. Ако уредот ви падне, посебно врз тврда
површина, и корисникот се сомнева дека предизвикал штета, однесете го во
сервисен центар за проверка.
Несоодветно користење на батеријата може да предизвика пожар, експлозија
или друга опасност.
Кога производот е целосно наполнет, секогаш откачувајте го полначот
од приклучокот на електричната мрежа за да ја избегнете непотребната
потрошувачка на електрична енергија од самиот полнач.
Опасност од експлозија ако батеријата е заменета со несоодветен тип.
Искористените батерии отстранувајте ги во согласност со упатствата.
Вградена батерија
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Известување за промена на батеријата
Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да предизвика
повредување.
Менувањето на батеријата од страна на неквалификувани лица може да доведе
до оштетување на вашиот уред.
Не ги отстранувајте батериите сами. Батеријата може да биде оштетена,
што може да предизвика прегрејување и повреда. Батеријата мора да биде
заменета од страна на овластен сервисер. Батеријата треба да се рециклира
или да се отстрани одделно од отпадот од домаќинствата.
Доколку производот содржи батерија што е вградена во производот и што не
можат крајните корисници да ја отстранат, LG препорачува батеријата да ја
отстранат само квалификувани професионални лица, било да е за менување
или за рециклирање по истекот на животниот век на производот. За да спречат
оштетување на производот и поради нивна сопствена безбедност, корисниците
не треба да се обидуваат да ја отстрануваат батеријата и треба да ја контактираат
линијата за помош при услуги на LG или други независни испорачувачи на услуги.
Отстранувањето на батеријата значи и расклопување на куќиштето на
производот, исклучување на електричните кабли/контакти и внимателно
вадење на батеријата со специјализиран алат. Доколку ви се потребни
инструкциите за квалификувани професионални лица за тоа како да ја
отстраните батеријата безбедно, посетете ја веб-страницата
http://www.lge.com/global/sustainability/environment/take-back-recycling .
Безбедносни информации
58

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents