LG LM-W315 User Manual page 366

Hide thumbs Also See for LM-W315:
Table of Contents

Advertisement

Преземање други апликации
Откако ќе ги копирате Google сметките од придружниот уред на часовникот,
може да преземете повеќе апликации од Google Play™ продавницата.
За да ги користите истите апликации коишто се веќе инсталирани на
придружниот уред, преземете ги повторно на часовникот. Може лесно да
ги преземете со категоријата „Апликации на телефонот" на Google Play™
продавницата.
Апликациите на уредот и нивните функции може да се разликуваат во
зависност од земјата, регионот или хардверските спецификации. LG
не е одговорен за какви било проблеми со работата настанати како
резултат на користење на апликации развиени од страна на други
обезбедувачи на услуги различни од LG.
LG не е одговорен за проблеми со работата или некомпатибилност
настанати како резултат на уредување на регистрираните поставки или
на менувањето на софтверот на оперативниот систем.
Сите обиди за приспособување на оперативен систем може да доведат
до неисправност на уредот или неговите апликации.
Софтверот, аудио записите, сликата на позадината, сликите и другите
медиумски содржини испорачани со уредот се лиценцирани за
ограничена употреба. Ако ги извлечете и ги користите овие материјали
за комерцијална или друга намена може да ги прекршите законите за
авторски права. Како корисник, целосно сте одговорни за незаконско
користење на медиумските материјали.
Може да има дополнителни трошоци за услугите за податоци, како што
се праќање пораки, поставување или преземање податоци, автоматско
синхронизирање и услуги за локација. Изберете тарифа соодветна на
вашите потреби за да избегнете дополнителни трошоци. Контактирајте
со обезбедувачот на услуги за повеќе информации.
Оваа содржина не е поддржана со iOS верзијата.
Како да го користите часовникот
39

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents