LG LM-W315 User Manual page 384

Hide thumbs Also See for LM-W315:
Table of Contents

Advertisement

Општа безбедност и ракување
Додека го користите производот, имајте ги предвид следните насоки.
Вашата околина
Безбедни температури за работење. Користете го и чувајте го производот
на температури помеѓу 0°C/32°F и 35°C/95°F. Изложување на производот
на екстремно ниски или високи температури може да предизвика штета,
неправилно работење или дури и експлозија.
Додека возите. Кога возите автомобил, возењето ви е примарна одговорност.
Користење на мобилен уред или додаток за телефонирање или друга апликација
додека возите може да предизвика невнимание. Внимавајте на патот.
Во близина на експлозиви. Не го користете во области каде искри од
производот може да предизвикаат пожар или експлозија.
Во авиони. Почитувајте ги сите правила и упатства за користење на
електронски уреди. Повеќето авиокомпании дозволуваат користење на
електронски уреди само помеѓу, но не и за време на, полетувања и слетувања.
Постојат три главни видови на безбедносни уреди на аеродромите: Рендген
машини (кои се користат за предмети ставени на подвижните ленти), магнетни
детектори (кои се користат на луѓето кои поминуваат на безбедносна проверка)
и магнетни прачки (рачни уреди кои се користат на луѓе или поединечни
предмети). Производот може да помине низ аеродромски рендген машини. Но
не го поминувајте низ аеродромски магнетни детектори и не го изложувајте на
магнетни прачки.
Секогаш следете ги специфичните регулативи во дадена област. Исклучете
го уредот во области каде неговото користење е забрането или кога може да
предизвика пречки или опасност.
Предупредувања за батеријата
Не го расклопувајте, отворајте, гмечете, виткајте или деформирајте,
пробушувајте или сечете производот.
Не го менувајте и не го произведувајте одново уредот, не пробувајте да внесете
страни предмети во батеријата, не го потопувајте и не го изложувајте на вода
или други течности, не го изложувајте на оган, експлозија или други опасности.
Внимавајте предмети со остри рабови, како што се заби и нокти на животни, да
не дојдат во допир со батеријата. Тоа може да предизвика пожар.
Користете ја само батеријата за системот за кој е нагласено.
Користење на несоодветна батерија или полнач може да предизвика ризик од
пожар, експлозија, протекување или друга опасност.
Безбедносни информации
57

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents