Makita DUR142L Instruction Manual page 72

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR142L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање на главата за сечење
со најлон
НАПОМЕНА:
Користете оригинална глава за сечење со
најлон Makita.
Превртете го алатот наопаку за лесно да можете да
ја замените главата за сечење со најлон.
► Сл.23: 1. Глава за сечење со најлон 2. Метален
штитник 3. Приемна шајбна 4. Имбус клуч
Вметнете го имбус-клучот низ дупчето на капакот
на заштитникот и куќиштето на моторот, и вртете
ја приемната шајбна со имбус-клучот додека не се
блокира. Монтирајте ги металниот штитник, главата
за сечење со најлон директно на вретеното со
навој и стегнете ја вртејќи ја налево. Извадете го
имбус-клучот.
За да ја извадите главата за сечење со најлон,
вртете ја главата за сечење со најлон надесно
додека ја држите приемната шајбна со имбус-клучот.
ВНИМАНИЕ:
Ако при работата, главата за сечење со
најлон случајно удри во камен или тврд
предмет, тримерот да се исклучи и да
се провери дали има оштетување. Ако
главата за сечење со најлон е оштетена,
треба веднаш да се замени. Користењето
оштетена глава за сечење со најлон може да
резултира со тешка телесна повреда.
РАБОТЕЊЕ
Правилно ракување со алатот
Прикачување на ременот за рамо
► Сл.24: 1. Спојка 2. Кука
Поставете го ременот за рамо. Потоа, поврзете ги
копчињата на куката и на ременот. Копчињата треба
да кликнат и целосно да се блокираат на место.
Само за модел DUR183L
► Сл.25: 1. Капак
Кога не се користи капачето, закачете го на куката.
Откачување
► Сл.26: 1. Спојка
Копчето е опремено со механизам за брзо
ослободување. Едноставно, стиснете ги страните и
копчето за да го ослободите алатот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Бидете многу внимателни во
одржувањето контрола врз цело време.
Не дозволувајте алатот да се одбие кон
вас или кој било во работната област. Ако
не одржувате контрола врз алатот, може да
дојде до тешка повреда на лицата во близина
или на операторот.
Прилагодување на положбата на
закачалката и ременот за рамо
► Сл.27: 1. Шестоаголна завртка
За да ја промените положбата на закачалката,
олабавете ја шестоаголната завртка на закачалката со
испорачаниот клуч. Потоа, преместете ја закачалката.
Откако ќе ја прилагодите положбата на закачалката,
цврсто стегнете ја шестоаголната завртка со клучот.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш осигурувајте се алатот да е
исклучен и батеријата да е извадена
пред да се обидете да направите
прилагодување или проверка на алатот.
Ако не се исклучи и не се извади батеријата,
може да дојде до тешка телесна повреда
заради случајно вклучување.
НАПОМЕНА:
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
Замена на најлонската жица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Осигурете се капакот на главата за сечење
со најлон да е правилно прицврстен на
куќиштето како што е опишано подолу. Ако
капакот не се прицврсти правилно, главата
за сечење со најлон може да се разлета
резултирајќи со тешка телесна повреда.
► Сл.28
Извадете го капакот од куќиштето притискајќи ги
двете стеги кои се наоѓаат странично на куќиштето.
► Сл.29: 1. 80 - 100 мм
Отсечете најлонска жица во должина од 3-6 м.
Превиткајте ја жицата за сечење на две половини,
оставајќи го едниот крај подолг за 80-100 мм од другиот.
► Сл.30
Закачете ја средината од новата најлонска жица на
засекот што се наоѓа во центарот на калемот помеѓу
двата канали за најлонската жица.
Намотајте ги двата краја цврсто околу намотката во
насока означена на главата за вртење на лево што е
означена со LH.
► Сл.31
Намотајте ја целата должина на жиците, освен 100
мм, оставајќи ги краевите привремено закачени
преку засекот на страната на калемот.
► Сл.32
Монтирајте го калемот на капакот така што
жлебовите и испакнатите делови на калемот да
одговараат на оние на капакот. Сега, откачете ги
краевите на жицата од нивната привремена положба
и вовлечете ја жицата низ окцата за да излезе
надвор од капакот.
72 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dur182lDur183l

Table of Contents