Makita DUR142L Instruction Manual page 65

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR142L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
12. Никогаш не работете со алатот кога сте
изморени, се чувствувате лошо, или кога
сте под влијание на алкохол или наркотични
средства.
13. Ако алатот покажува какви било знаци на
необично работење, тој треба веднаш да се
исклучи.
Намена на алатот
1.
Користете соодветен алат. Безжичниот
тример за трева е наменет само за сечење
трева и мек плевел. Не треба да се користи
за какви било други намени, како на
например, стрижење жива ограда, бидејќи
може да дојде до повреда.
Лична заштитна опрема
► Сл.1
► Сл.2
1.
Облекувајте се соодветно. Облеката што
се носи треба да биде функционална и
адекватна, т.е. треба тесно да прилега, но
да не предизвикува нефлексибилност на
телото. Немојте да носите накит или облека
што може да се заплетка во висока трева.
Носете заштитна покривка за коса за да ја
соберете долгата коса.
Секогаш кога го користите алатот, носете
2.
тврди чевли со ѓонови што не се лизгаат.
Тоа штити од повреди и осигурува стабилна
потпора со нозете.
3.
Носете заштитни очила или маска.
Безбедност на електричните
делови и батеријата
Избегнувајте опасни средини. Не користете
1.
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
2.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што е
соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
3.
Исклучиво користете електрични алати со
конкретно наменета батерија. Користењето
други батерии може да создаде ризик од
повреда или пожар.
4.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
5.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте контакт
со неа. Ако дојде до ненамерен контакт,
измијте со вода. Ако течноста дојде во допир
со очите, побарајте лекарска помош. Течноста
што истекла од батеријата може да предизвика
надразнување или изгореници.
6.
Не фрлајте ја батеријата/ите во оган.
Ќелијата може да експлодира. Проверете
ги локалните прописи за можни упатства за
специјален отпад.
7.
Не отворајте ја и не уништувајте ја
батеријата/ите. Електролитот што се
ослободува е корозивен и може да
предизвика оштетување на очите или
кожата. Може да е токсичен ако се голтне.
Стартување на алатот
► Сл.3
1.
Осигурете се да нема деца или други луѓе во
работниот опсег од 15 метри (50 стапки), и
обрнете внимание на животните во близина
на работното место. Во спротивно, запрете
со користење на алатот.
2.
Пред употреба, секогаш проверувајте дали
алатот е безбеден за користење. Проверете
ја сигурноста на алатот за сечење, на
штитникот и на прекинувачот/копчето за
лесна и соодветна работа. Проверете дали
дршките се чисти и суви, и тестирајте го
функционирањето на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
3.
Проверете дали има оштетени делови
пред натамошната употреба на алатот.
Штитник или друг дел што е оштетен,
треба внимателно да се проверат за да
се утврди дали ќе работат исправно и
дали ќе ја извршат својата наменета
функција. Проверете го порамнувањето на
подвижните делови, спојот на подвижните
делови, скршени делови, монтажа и сите
други состојби што може да влијаат врз
работата. Штитник или друг дел што е
оштетен, треба соодветно да се поправат
или заменат од страна на наш овластен
сервисен центар, освен ако не е поинаку
наведено во ова упатство за користење.
4.
Вклучете го моторот само кога рацете и
стапалата се настрана од алатот за сечење.
Пред стартувањето, осигурете се дека
5.
алатот за сечење не е во допир со тврди
предмети како што се гранки, камења итн
бидејќи алатот за сечење ќе почне да врти
откако ќе се стартува.
Метод на работа
1.
Никогаш не работете со машината со
оштетени штитници или без поставени
штитници.
Користете го алатот само во услови на
2.
добра светлина и видливост. За време на
зимата, внимавајте на лизгави или влажни
подлоги, мраз и снег (ризик од лизнување).
Секогаш обезбедувајте сигурна потпора со
нозете.
3.
Внимавајте да не дојде до повреда на
стапалата и рацете од алатот за сечење.
4.
Држете ги рацете и стапалата подалеку од
средствата за сечење цело време, а особено
кога го вклучувате моторот.
65 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dur182lDur183l

Table of Contents