Складирање - Makita EB7650TH Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EB7650TH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4. Чистење на филтерот за гориво
Затнатиот филтер за гориво може да предизвика отежнато
стартување или неспособност за зголемување на брзината на
моторот.
Редовно проверувајте го филтерот за гориво на следниот начин:
(1) Извадете го капачето на резервоарот за гориво (1) и целосно
испразнете го резервоарот. Проверете дали во резервоарот
има надворешни предмети. Доколку има, отстранете ги.
(2) Извлечете го надвор филтерот за гориво (2) со помош на
жица низ отворот за полнење масло.
(3) Ако површината на филтерот за гориво е извалкана,
исчистете ја со бензин. Бензинот што се користи за чистење
мора да се фрли во согласност со прописите на локалните
власти.
Ако филтерот е многу извалкан, мора да се
замени.
(4) После проверката, чистењето или замената, вметнете
го филтерот за гориво во цревото за гориво и фиксирајте
го со стега (3). Вратете го назад филтерот за гориво во
резервоарот за гориво и цврсто затворете го капачето на
резервоарот.
Проверете дали е оштетен резервоарот за гориво.
5. Проверка на завртки и навртки
Стегнете ги лабавите завртки, навртки итн.
Проверете дали од моторот истекува гориво и масло.
Заменете ги оштетените делови со нови заради безбедно
работење.
6. Чистење на деловите
Одржувајте го моторот чист бришејќи го со крпа.
Ребрата за ладење на моторот секогаш одржувајте ги чисти без
нечистотија или прашина. Прашината или нечистотијата што се
прилепува на ребрата може да предизвика дефект.
Воздухот што дува се зема од вентилот за довод на воздух и
мрежата за довод на воздух (1). Кога ќе опадне протокот на воздух
за време на работата, исклучете го моторот и проверете дали се
затнати вентилот за довод на воздух и мрежата за довод на воздух.
Исчистете ги доколку е потребно.
Проверете ја мрежата за довод на воздух на долниот дел. Извадете
ги завртката и мрежата за довод на воздух. Проверете дали е
затната. Исчистете ја доколку е потребно.
Таквото затнување може да предизвика прегревање и оштетување
на моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не користете го апаратот за дување без мрежа. Пред
секоја употреба, проверете дали мрежата е ставена на место и
дали е оштетена.
7. Замена на дихтунзи и заптивки
Дихтунзите и заптивките се заменуваат кога моторот е расклопен.
Сите активности за одржување и приспособување што не се вклучени и
опишани во ова упатство мора да се изведуваат во овластен сервис.
ЧУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога го испуштате горивото, исклучете го моторот и почекајте да се излади.
Во спротивно, може да се изгорите или да настане пожар.
ВНИМАНИЕ:
Ако апаратот сакате да го складирате на подолго време, испуштете го горивото од резервоарот за гориво, и карбураторот и поставете
го на суво и чисто место.
Испуштете го горивото од резервоарот за гориво и од карбураторот според следната постапка:
(1) Извадете го капачето на резервоарот за гориво и испуштете го сето гориво.
Ако во резервоарот за гориво има надворешни предмети, целосно остранете ги.
(2) Извлечете го надвор филтерот за гориво со помош на жица низ отворот за полнење.
(3) Притиснете ја пумпата за полнење додека не се испушти горивото од таму, а потоа испуштете го горивото кое влегува во
резервоарот за гориво.
(4) Вратете го назад филтерот за гориво во резервоарот и цврсто затворете го капачето на резервоарот.
(5) Потоа, стартувајте го моторот и оставете го да работи додека самиот не престане.
(6) Извадете ја свеќичката и капнете неколку капки од моторното масло низ отворот на свеќичката.
(7) Полека повлечете ја рачката за стартување за да може моторното масло да се распредели над моторот и прикачете ја
свеќичката.
(8) Машината држете ја со рачката свртена нагоре.
(9) Испуштеното гориво чувајте го во специјален канистер, на добро проветрено и темно место.
(1)
119
(3)
(2)
(1)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eb7650wh

Table of Contents