Проверка И Одржување - Makita EB7650TH Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EB7650TH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПРОВЕРКА И ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да вршите проверка и активности за одржување, исклучете го моторот и оставете го да се излади. Извадете ги свеќичката и
капачето на свеќичката.
Во спротивно, операторот може да се изгори или сериозно да се повреди како резултат на случајно стартување.
После проверката и активностите за одржување, проверете дали сите делови се повторно составени. Потоа можете да продолжите со
работа.
1. Замена на моторно масло
Остареното моторно масло го скратува работниот век на апаратот и на деловите што се лизгаат и ротираат. Проверувајте ги периодите и
количината што ја заменувате.
ВНИМАНИЕ:
Генерално, главната единица на моторот и моторното масло се жешки веднаш по исклучувањето на моторот. Кога го заменувате маслото,
проверете дали главната единица на моторот и моторното масло се доволно изладени. Во спротивно, можете да се изгорите. После
исклучувањето на моторот, почекајте извесно време маслото да се врати во резервоарот за масло, за да можете точно да го измерите
нивото на масло со мерачот.
Ако е наполнето масло над границата, маслото може да се извалка или запали што ќе се манифестира со бел чад.
Временски интервал на замена:
Препорачани масла:
Постапка за замена на масло
Кога го заменувате маслото, следете ги следните чекори:
(1) Поставете го апаратот за дување на рамна површина.
(2) Ставете канистер за старото масло под отворот за
испуштање (1) за да го соберете додека се цеди. Канистерот
треба да биде со капацитет од најмалку 220 мл за да може
да го собере целото масло.
(3) Олабавете ја завртката за испуштање масло (2) за да може
маслото да се испушти. Не смеете да дозволите маслото
да дојде во допир со резервоарот за гориво или со другите
делови.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ја разлабавите заптивката (алуминиумска
шајбна) (3). Ставете ја навртката за цедење масло (2) на
место каде што нема да нафати нечистотија.
(4) Извадете го капачето за масло (4). (Вадењето на капачето
за масло (4) овозможува маслото лесно да се испушти.)
ВНИМАНИЕ:
Ставете го капачето за масло (4) на место каде што нема
да нафати нечистотија.
(5) Бидејќи нивото на маслото што се испушта се намалува,
навалете го апаратот за дување на едната страна за да
може маслото целосно да се испушти.
(6) Откако маслото целосно ќе се испушти, добро прицврстете
ја завртката за испуштање масло (2). Доколку завртката не
е добро стегната, маслото може да истече.
ВНИМАНИЕ:
Не заборавајте да ја ставите заптивката (алуминиумската
шајбна) (3) назад кога повторно ќе го прикачувате чепот
за цедење.
(7) Додавање масло за време на постапка за замена на
масло се изведува на истиот начин како што е објаснето
и во засебната постапка за додавање масло, секогаш кога
неговото ниво не е доволно. Секогаш додавајте масло
полнејќи од отворот под капачето за масло.
(Назначено ниво на масло: приближно 220 мл)
(8) После полнењето масло, стегнете го капачето за масло (4)
за да спречите истекување.
Совети за замена на моторно масло
Никогаш не фрлајте го заменетото моторно масло во обичен отпад, во почва или во септичка јама. Фрлањето масло е регулирано
со закон. При фрлање на маслото, секогаш треба да ги почитувате законите и прописите. Доколку имате прашања, обратете се кај
овластен сервисен агент.
Имајте предвид дека маслото старее и тогаш кога не се користи. Проверувајте го и заменувајте го во редовни временски интервали
(заменувајте го со ново на секои 6 месеци).
после првите 20 работни часови, а потоа на секои 50 работни часови
SAE10W-30 масло со класификација АPI, класа SF или повисока (моторно масло за 4-тактни
автомобилски мотори)
(3)
(2)
117
(4)
(1)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eb7650wh

Table of Contents