Makita EB7650TH Original Instruction Manual page 104

Hide thumbs Also See for EB7650TH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Апаратот за дување стартувајте го исклучиво според упатствата за
работа. Не користете други начини за стартување на моторот (6).
Апаратот за дување и алатите користете ги само за пропишаните
намени.
Апаратот за дување можете да го стартувате само откако целосно ќе
го составите. Работење со алатот е дозволено само откако целосно
ќе го прикачите соодветниот прибор.
Моторот треба веднаш да се исклучи доколку забележите какви
било проблеми при неговата работа.
Кога работите со апаратот за дување, рачката треба секогаш цврсто
да ја држите меѓу палецот и показалецот за да имате целосна
контрола. Дланката држете ја во оваа позиција за да ја имате
машината под контрола во секое време. Проверете дали рачката
за контрола (и рачката од дополнителниот дел за вшукување) се во
добра состојба, суви и без маснотии.
Секогаш треба да стоите на цврста и сигурна подлога.
Апаратот за дување носете го правилно на обете раменици. Не
носете го апаратот за дување само со една прерамка за преку рамо.
Во спротивно, можете да се повредите.
Со апаратот за дување треба да ракувате така да не ги вдишувате
издувните гасови. Никогаш не користете го моторот во затворени
простории (ризик од задушување и труење). Јаглеродниот моноксид
е гас без мирис.
Секогаш треба да имате обезбедено добро проветрување.
Исклучете го моторот кога правите пауза и кога апаратот за дување
го оставате без надзор.
Оставете го на безбедно место за да спречите опасност кон други
лица, за да спречите пожар од запаливи материјали или негово
оштетување.
Никогаш не оставајте го загреаниот апарат за дување на сува трева
или над какви било запаливи материјали.
За време на работата со апаратот треба да се користат сите
испорачани заштитни делови и браници.
Никогаш не користете го моторот кога издувниот придушувач е
расипан.
Исклучете го моторот при транспорт (7).
При транспорт со автомобил или камион, апаратот за дување
поставете го на сигурно место за да избегнете истекување на
горивото.
При транспорт на апаратот за дување, резервоарот за гориво треба
да биде целосно испразнет.
Апаратот за дување секогаш носете го за рачката за носење. Не
влечете го за млазницата, цевката или за другите делови.
Кога го транспортирате апаратот за дување, свиткајте го вашето
колено за да не си ги повредите рамото и долниот дел од грбот.
Полнење гориво
Исклучете го моторот кога го полните со гориво (7). Во негова
близина не е дозволено да има отворен оган (8) ниту да се пуши.
Избегнувајте контакт на кожата со производи од бензин. Не
вдишувајте го испарувањето од горивото.
Секогаш носете заштитни ракавици за време на полнењето.
Заштитната облека треба редовно да ја менувате и чистите.
Внимавајте да не истурате гориво или масло за да спречите
загадување на почвата (заштита на животната средина). Ако се
истури гориво, апаратот за дување треба веднаш да го исчистите.
Влажните крпи треба да се исушат пред да ги фрлите во соодветен
затворен сад со капак за да избегнете нивно спонтано палење.
Избегнувајте секаков контакт на горивото со вашата облека. Ако ви
се истури гориво на облеката, веднаш пресоблечете се (опасност
од пожар).
Редовно проверувајте дали капакот на резервоарот за гориво е
добро затворен.
Внимателно стегнете го шрафот за затворање на резервоарот
за гориво. При стартување на моторот, променете ја локацијата
(најмалку 3 метри од местото на полнење гориво) (9).
Никогаш не полнете гориво во затворени простории. Испарувањата
од горивото се акумулираат на ниво на подот (ризик од експлозија).
Горивото треба да се транспортира и чува само во одобрени
канистри. Потрудете се деца да немаат пристап до складираното
гориво.
Не обидувајте се да полните гориво кога моторот е жежок или во
погон.
(6)
Мирување
Транспорт
Полнење гориво
Одржување
Замена на алат
(7)
(8)
(9)
104
3 метри

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eb7650wh

Table of Contents