Makita HR4003C Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for HR4003C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Режим на чекан (режим на копчето
за вклучување/исклучување)
► Сл.6: 1. Рачка за менување 2. Покажувач
За континуирано оборување рабови, делење или
уништување, свртете го копчето за менување на
симболот
.
► Сл.7: 1. Копче за вклучување/исклучување
Копчето за вклучување/исклучување стрчи нанадвор
и свети црвено.
Користете остра челична шипка, ладно длето, длето
за делење, итн.
НАПОМЕНА:
Кога го користите алатот во режим на
симболот
, прекинувачот не работи,
а работи само копчето за вклучување/
исклучување.
Ограничувач на вртежните
Ограничувачот на вртежите се активира кога
вртежниот момент ќе достигне одредено ниво.
Моторот ќе излезе од осовината. Кога ова ќе се
случи, бургијата ќе престане да врти.
ВНИМАНИЕ:
Штом ќе се активира ограничувачот на
вртежите, веднаш исклучете го алатот. Така
ќе се спречи прерано абење на алатот.
Светилка на индикаторот
► Сл.8: 1. Индикаторска ламбичка за вклучување
(зелено) 2. Индикаторска ламбичка за
сервисирање (црвено)
Зелената светилка на индикаторот светнува
кога алатот е приклучен на напојување. Доколку
светилката на индикаторот не светнува, кабелот за
напојување на контролникот можеби е неисправен.
Кога светилка на индикаторот свети, но алатот
не стартува иако е вклучен, јагленските четкички
може да се изабени, или контролникот, моторот или
прекинувачот ON/OFF можеби се неисправни.
Ако се јават горенаведените симптоми, веднаш
запрете со користење на алатот и побарајте помош
од вашиот локален сервисен центар.
Црвената сервисна светилка на индикаторот
светнува кога јагленските четкички се речиси
изабени за да укаже на тоа дека е потребно
сервисирање на алатот. По одреден период на
користење, моторот автоматски се исклучува.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот,
проверете дали е исклучен и откачен од
струја.
Странична рачка
► Сл.9
ВНИМАНИЕ:
Користете ја страничната рачка само за
операции на отсекување, смалување или
уривање. Не користете ја кога дупчите во
бетон, ѕидни материјали итн. Алатот не може
да се држи правилно со оваа странична
рачка при дупчење.
► Сл.10: 1. Странична рачка 2. Навртка-стега
Страничната рачка може да се врти 360° вертикално
и се зацврстува во која било позиција. Се
прицврстува на осум различни позиции, напред-
назад по хоризонтална линија. Само разлабавете ја
навртката-стега за да ја свртите страничната рачка
во саканата позиција. Потоа цврсто прицврстете ја
навртката-стега.
Странична дршка
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете ја страничната дршка за
да осигурате безбедност на операциите за
дупчење во бетон, ѕидни материјали итн.
► Сл.11: 1. Странична дршка
Страничната дршка се врти на двете страни,
дозволува лесно ракување со алатот во која
било позиција. Опуштете ја страничната дршка,
свртувајќи ја во насока обратна од движењето на
стрелките на часовникот, свртете ја во саканата
позиција, а потоа зацрвстете ја во насока на
движење на стрелките на часовникот.
Поставување или отстранување
втичник
► Сл.12: 1. Оска на бургијата 2. Средство за
подмачкување на бургијата
Исчистете ја оската на бургијата и ставете малку
средство за подмачкување пред да ја инсталирате
бургијата.
► Сл.13: 1. Бургија 2. Капак за ослободување
Ставете ја бургијата во алатот. Свртете ја бургијата и
притиснете ја навнатре додека не се намести.
Ако бургијата не може да се турне навнатре,
извадете ја бургијата. Повлечете го капакот за
ослободување надолу неколку пати. Потоа,
повторно вметнете ја бургијата. Вртете ја и туркајте
ја надолу бургијата додека не се намести.
По инсталирањето, секогаш проверувајте дали
бургијата е безбедно прицврстена со тоа што ќе се
обидете да ја извлечете.
► Сл.14: 1. Бургија 2. Капак за ослободување
За да ја извадите бургијата, повлечете го капакот
за ослободување целосно надолу и извлечете ја
нанадвор бургијата.
34 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hr4013cHr5212cHr5202c

Table of Contents