Bosch GBM 1600 RE Original Instructions Manual page 118

Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-2420-003.book Page 118 Wednesday, July 27, 2016 1:18 PM
118 | Македонски
електричниот апарат, може да предизвика штети и
електричен удар.
 Следете ги упатствата и напомените за
предупредување во сертификатот за безбедност на
материјалот (SDB) што се меша. Материјалот што се
меша може да биде опасен по здравјето.
 При прекин на струја, активирајте го прекинувачот
за фиксирање со притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Со тоа ќе се спречи
невнимателното повторно стартување на електричниот
апарат (опасност од повреда).
 Не го користете електричниот апарат на пулт.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за дупчење во дрво,
метал, керамика и пластика.
Електричниот апарат е наменет за мешање на прашкасти
градежни материјали како малтер, гипс, лепило, како и
бои што не содржат раствор, лакови и слични супстанци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Запчеста глава за дупчење*
2 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
3 Навртка за дополнителната дршка
4 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
5 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
6 Прекинувач за вклучување/исклучување
7 Прекинувач за менување на правецот на вртење
8 Рачка (изолирана површина на дршката)
9 Клуч за главата за дупчење*
10 Сигурносна завртка за запчестата глава за дупчење
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
1 609 92A 2GV | (27.7.16)
Технички податоци
Дупчалка
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Број на празни вртежи
Номинален вртежен момент
Дијаметар на грлото на
вретеното
макс. дупка Ø
– Челик
– Дрво
– Алуминиум
Затегање на главата
Тек десно/лево
Максимален дијаметар на
корпата за мешање
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-1.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 85 dB(A); ниво на звучна јачина
96 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-1:
2
Дупчење во метал: a
<2,5 m/s
, K=1,5 m/s
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
GBM 1600 RE
3 601 AB0 0..
W
850
-1
min
630
Nm
11
мм
43
мм
16
мм
40
мм
16
мм
3 – 16
мм
160
кг
3,0
/II
(векторски збор на
h
2
.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents