Bosch GLM Professional 150 Original Instructions Manual page 217

Laser rangefinder
Hide thumbs Also See for GLM Professional 150:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
OBJ_BUCH-947-007.book Page 217 Friday, March 18, 2016 1:16 PM
За да го проверите збирот на двете
мерења притиснете го копчето за
резултат 5. Пресметката ќе се
прикаже во редовите со измерени
вредности a, а збирот стои во редот
со резултат c.
По пресметување на збирот, на овој
резултат може да се додадат други измерени вредности
или внесови од листите со измерени резултати, доколку
пред мерењето се притисне копчето Плус 6. Собирањето
ќе заврши доколку го притиснете копчето со резултат 5.
Совети за собирање:
– Вредностите за должина, површина и волумен не може
мешовито да се собираат. Доколку напр. се соберат
вредност на должина и површина, при притискање на
копчето со резултат се појавува 5 кратко „ERROR" на
екранот. Потоа мерниот уред менува на последно
активираната мерна функција.
– Се собира резултатот од едно мерење (напр. вредност
на волумен), а при континуирано мерење прикажаната
измерена вредност во редот со резултат c. Собирањето
на поединечни измерени вредности од редовите со
измерени вредности a не е возможно.
– При временски одложено мерење на должини и
функција на трасирање не е возможно собирање, а
започнатите собирања при промена во некоја од овие
функции ќе се прекинат.
Одземање на измерени вредности
За одземање на измерените
вредности притиснете го копчето
Минус 12, на екранот за потврда се
појавува „–". Понатамошната
постапка е слична на „Собирање на
измерените вредности".
Совети при работењето
Општи напомени
Приемната леќа 26 и излезот на ласерскиот зрак 27 не
смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето
(со исклучок на функциите континуирано мерење и
мерење на минимум/максимум и функција на
трасирање). Доколку е возможно, поставете го мерниот
уред на цврста гранична или потпорна површина.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и
рефлективните својства на целната површина. За подобра
видливост на ласерскиот зрак при работа на надворешен
терен и прејаки сончеви зраци на ласерските очила 31
(опрема) и целната табла на ласерот 32 (опрема), или
засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот,
дека при мерењето на различни површини доаѓа до
погрешно мерење. Тука спаѓаат:
– транспарентни површини (напр. стакло, вода),
Bosch Power Tools
– површини што рефлектираат (напр. исполиран метал,
стакло),
– порозни површини (напр. изолациони материјали),
– структурирани површини (напр. груба малтерија,
природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна
табла за ласерот 32 (опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо
визирани целни површини.
Исто така на мерната вредност може да влијаат и
процепите за вентилација со различни температури или
индиректно примените рефлексии.
Мерење со чивија-граничник (види слики B, C, F и G)
Користењето на чивија-граничник 18 е погодно на пр. за
мерења од агли (просторни дијагонали) или тешко
пристапни места како шини на ролетни.
Притиснете на блокадата 1 на чивијата-граничник, за да ја
отворите или затворите чивијата или да ја промените
нејзината позиција.
За мерења од надворешни агли свртете ја чивијата-
граничник на страна, за мерења од задниот раб на
чивијата-граничник свртете ја истата наназад.
Соодветно поставете го референтното ниво за мерење со
чивија-граничник со притискање на копчето 8 (за мерење
со странична чивија-граничник на мерење од задниот раб
на мерниот уред).
Израмнување со либела
Либелата 14 овозможува едноставно хоризонтално
израмнување на мерниот уред. Притоа целните површини
може полесно да се нацелат, особено на големи
растојанија.
Либелата 14 во комбинација со ласерскиот зрак не е
погодна за нивелирање.
Целење со целна оптика (GLM 250 VF) (види слика N)
Видливата линија низ целната оптика и ласерскиот зрак
поминуваат паралелно една кон друга. Со тоа се
овозможува прецизно целење на долги растојанија, ако
ласерската точка не е видлива со голо око.
За да нацелите погледнете низ пребарувачот 10 на
целната оптика. Внимавајте прозорчето 25 на целната
оптика да е слободно и чисто.
Напомена: Фактичката и прикажаната целна точка не се
преклопуваат во блиско подрачје.
Целење со помагалото за израмнување (види слика O)
Со помагалото за израмнување 24 може да се олесни
целењето на големи растојанија. За таа цел погледнете по
должина на помагалото за израмнување на страната на
мерниот уред. Ласерскиот зрак поминува паралелно со
оваа линија на видливост.
Работење со статив (опрема)
Користењето на стативот е особено потребно при големи
растојанија. Мерниот уред со 1/4"-навој 21 поставете го
на брзо променлива плоча на стативот 30 или на
Македонски | 217
1 609 92A 1YW | (18.3.16)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Glm professional 250 vf

Table of Contents