Bosch GLL 5-50 X Professional Original Instructions Manual page 58

Hide thumbs Also See for GLL 5-50 X Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
OBJ_BUCH-2753-001.book Page 58 Wednesday, November 4, 2015 4:09 PM
58 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии 3
притиснете на механизмот за заклучување 2 и извадете го
капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот
на внатрешната страна од преградата за батерии.
Ако трепка предупредувањето за батерија 16, тогаш
морате да ги промените батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Користење на ротирачката платформа
(види слика A)
Поставете го мерниот уред во прифатот за уред на
ротирачката платформа 12, така што жлебовите за
прицврстување 13 на ротирачката платформа ќе се
вклопат во соодветните жлебови 6 на долната страна на
мерниот уред. Вртете го мерниот уред во правец на
стрелките на часовникот, за цврсто да легне на
ротирачката платформа.
Одвртете ги ногарките на ротирачката платформа со
завртки за подесување на висината 10. Грубо израмнете
ја ротирачката платформа со помош на либела 8.
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
„Точност при нивелирање").
 Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
1 609 92A 1SA | (4.11.15)
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
On" (за работење без автоматика за нивелирање) или
во позиција „
On" (за работење со автоматика за
нивелирање). Оперативниот приказ 16 светнува и
мерниот уред веднаш праќа хоризонтална ласерска
линија од предниот излезен отвор 1.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „Off". Се
губи оперативниот приказ 16. При исклучување,
осцилирачката единица се блокира.
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 45 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин. работа.
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, при
вклучувањето на мерниот уред задржете го копчето за
вертикален режим 18 или копчето за хоризонтален режим
19 притиснато 3 s. Доколку автоматиката за исклучување
е деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат по 3 s.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го (без притиснато
копче).
Начини на работа (види слики B–D)
Хоризонталниот и вертикалниот режим може да бидат
вклучувани и исклучувани независно еден од друг. Сите
начини на работа се можни со и без автоматика за
нивелирање.
Хоризонтален режим
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во хоризонтален
режим и испраќа хоризонтална ласерска линија нанапред.
За да ја вклучите одн. исклучите хоризонталната ласерска
линија, притиснете го копчето за хоризонтален режим 19.
Вертикален режим и точка на вертикала
Мерниот уред располага со повеќе вертикални начини на
работа:
– вертикална ласерска линија нанапред
– вертикална ласерска линија нанапред и кон левата
страна
– вертикална ласерска линија нанапред и наназад
– вертикални ласерски линии на сите четири страни
Дополнително во сите вертикални начини на работа се
проектира точка на вертикала надолу.
За вклучување/исклучување на вертикалниот начин на
работа одн. за промена на вертикалниот начин на работа
притискајте го копчето за вертикален режим 18, додека не
се појави посакуваниот начин на работа.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents