Download Print this page

Претпазливост При Инсталација - Vivax ACP-22CH65GEK User Manual

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 155
Претпазливост при инсталација
1. Инсталацијата на уредот мора да ја изврши квалификувано лице според
локалните прописи и согласно овој прирачник.
2.
Пред инсталацијата контактирајте со овластен сервис бидејќи доколку
инсталацијата не ја изврши овластен сервис може да дојде до дефект на уредот.
3.
Доколку имате намера да го преместите клима уредот на друго место молиме
прво контактирајте со овластен сервис.
Инсталирањето на следните места може да предизвика дефект на клима уредот.
Доколку инсталацијата на такви места не може да се избегне, молиме контактирајте со
сервисниот центар:
x
На места на кои се испушта голема топлина, пареа, запалив гас или експлозивни
материи
x
На места блиску до високофреквентни уреди, уреди за заварување и медицинска
опрема.
x
На места со висока соленост, како морски брег.
x
На места каде взодухот содржи масло (механичко масло).
x
На места со сумпорни гасови (како извори со топла вода).
x На други места со посебни услови.
Избор на место за инсталација на внатрешната единица
1. Влезот и излезот за воздух мора да бидат оддалечени од пречки за да се
обезбеди проток на воздухот кој може да стигне до секој дел од просторијата.
2. Изберете положба во која кондензираната вода може едноставно да се отстрани,
место на кое надворешната единица може едноставно да се приклучи.
3. Инсталирајте ја единицата на место на кое до неа не може да допрат деца.
4. Изберете место кое може да ја издржи тежината и вибрациите на внатрешната
единица и кое не ја зголемува работната бучава на единицата.
5. Обезбедете доволно протстор за рутинското одржување; Внатрешната единица
мора да биде најмалку 250 cm од подот.
6. Изберете положба минимално 1 m оддалечена од телевизорот, или други
електрични уреди во домаќинството.
7. Изберете положба на која филтерот може едноставно да се извади.
8. Осигурајте се дека инсталацијата е според барањата на шемата за инсталација.
9. Не го користете уредот во непосредна близина на када, туш или базен.
Избор на место за инсталација на надворешната единица
1. Изберете положба на која текот на воздухот и бучавата нема да влијаат на соседите,
животните или растенијата.
2. Обезбедете добра вентилација за внатрешната единица.
3. Изберете место на кое нема да има пречки за влезниот и излезниот отвор.
4. Место на инсталација мора да може да ја издржи тежината и вибрациите на
надворешната единица, и да обезбеди безбедна инсталација.
5. Изберете суво место, но не изложено на директна сончева светлина или на јак ветер.
6. Обезбедете надворешната единица да се инсталира според упатствата за инсталација
заради поедноставно одржување и сервисирање.
7. Висинската разлика меѓу спојните цевки мора да е помала од 5 метри, а должината да
е покуса од 10 метри.
8. Инсталирајте ја единицата на место на кое до неа не може да допрат деца.
9. Инсталирајте ја единицата на место на кое не пречи на јавното поминување и не
влијае на изгледот на градот.
Важни забелешки
Основни барања на местото за инсталација

Advertisement

loading