Download Print this page

Чистење И Одржување - Vivax ACP-22CH65GEK User Manual

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 155
Чистење и одржување
x Пред чистење исклучете го клима уредот и исклучете го од струја, бидејќи во
спротивно може да дојде до струен удар.
x При чистење внатрешната единица никогаш не прскајте ја со вода, бидејќи тоа
може да предизвика струен удар.
x Запаливите течности (на пр. разредувач или бензин) ќе го оштетат клима
уредот. (Затоа уредот бришете го со сува крпа или со крпа малку навлажнета
со вода или со средство за чистење).
За чистење на предната плоча натопете крпа со вода со температура пониска од 40C°, добро
исцедете и избришете ги извалканите делови од предната плоча.
Забелешка: Молиме не ја потопувајте шпредната плоча во вода бидејќи во неа има компоненти од
микрокомпјутерот и струјни елементи.
Чистење на филтерот за воздух (Се препорачува на 3 месеци)
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку клима уредот се користи во правлива околина, филтерот чистете го почесто.
За да избегнете повреди, не ги допирајте лопатките на внатрешната единица со прсти откако ќе го
извадите филтерот.
Извадете го филтерот за воздух
Отворете ја предната плоча до определен агол,
повлечете го филтерот за воздух надолу и извадете го.
Видете слика 4 (a, б).
Исчистете го филтерот за воздух
За чистење на прашината насобрана на филтерот можете да
користите правосмукалка или да го измиете филтерот со
топла вода (вода со неутрален детергент, со температура
помала од 45°C , кога е многу извалкан, (на пр. со масни
дамки) и исушете го во сенка.
ЗАБЕЛЕШКА: За миење никогаш не користете вода
потопла од 45°C бидејќи тоа може да предизвика
деформирање или губење на бојата. Никогаш не
сушете го филтерот до оган бидејќи тоа може да
предизвика пожар или деформирање.
Вратете го филтерот за воздух на место
Вратете го филтерот назад во насока на стрелките, затворете ја предната плоча
во насока на стрелките и заклучете je.
Внимание
Чистење на предната плоча
(a)
(б)
Слика 4

Advertisement

loading