Bosch GLM 30 Original Instructions Manual page 244

Digital laser measure
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 17
OBJ_DOKU-37509-004.fm Page 244 Wednesday, August 27, 2014 7:03 AM
244 | Македонски
Совети при работењето
Општи напомени
Приемната леќа 7 и излезот на ласерскиот зрак 8 не смеат да бидат покриени за
време на мерењето.
За време на мерењето, мерниот уред не смее да се движи. Доколку е возможно,
поставете го мерниот уред на цврста подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на
целната површина. При јако надворешно осветлување, за подобра видливост на
ласерскиот зрак, користете заштитни очила за ласер 10 (опрема) и целна табла
за ласерот 9 (опрема), или засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на
различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:
– транспарентни површини (напр. стакло, вода),
– површини што рефлектираат (напр. исполиран метал, стакло),
– порозни површини (напр. изолациони материјали),
– структурирани површини (напр. груба малтерија, природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна табла за ласерот 9
(опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни
површини.
Исто така на мерната вредност може да влијаат и процепите за вентилација со
различни температури или индиректно примените рефлексии.
Проверка на точност при мерење на растојанија
Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 м,
чија должина точно ја знаете (напр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерењето треба да се врши при поволни услови, т.е. мерното
подрачје треба да биде во внатрешниот простор и целната површина на
мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира.
– Измерете го подрачјето 10-пати едно по друго.
Отстапувањето од средната вредност при поединечните мерења смее да
изнесува максимум ±4 мм на целото мерно подрачје при поволни услови.
Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.
1 609 92A 0LG | (27.8.14)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents