Опционален Прибор - Makita 2704N Instruction Manual

Hide thumbs Also See for 2704N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Носење на алатот
► Сл.46
Уверете се дека алатот е исклучен од напојување.
Носете го алатот со држење на делот од алатот
прикажан на сликата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш обезбедете ги сите
подвижни делови пред да го пренесувате алатот.
ВНИМАНИЕ:
Пред носењето на алатот,
проверете за да се уверите дека штитникот
на сечилото и долниот штитник се спуштени
и дека долниот раб на долниот штитник ја
допира главната маса.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Чистење
Повремено чистете ги струганиците и деланките.
Внимателно чистете го штитникот за сечилото и
подвижните делови во столната пила.
Кога ги отстранувате струганиците собрани под ножот за
пила, отстранете го лежиштето за сечилото и користете
компресор за воздух за да ги издувате струганиците од
приклучокот за вакуумската правосмукалка.
Подмачкување
За да ја одржувате столната пила во одлична работна
состојба и да обезбедите најдолг работен век, одвреме-
навреме подмачкувајте ги подвижните и вртливите делови.
Места за подмачкување:
Вретено со навој за подигање на ножот за пила
Шарка за вртење на рамката
Оски на моторот за подигање
Погонски запченик за подигање на ножот за пила
Шини-водилки за надолжниот граничник
Оска за лостовите за долниот дел од масата (R)
Дел што се лизга од долниот дел од масата (R)
Замена на карбонските четкички
Редовно проверувајте ги карбонските четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната ознака.
Одржувајте ги карбонските четкички чисти за да
влегуваат во држачите непречено. Двете карбонски
четкички треба да се заменат истовремено. Користете
само идентични карбонски четкички.
► Сл.47: 1. Гранична ознака
1.
Складирајте го долниот дел (R). Отстранете го
надолжниот граничник ако е складиран.
2.
Олабавете го лостот за блокирање и вртете
го рачното тркало сè додека главата на пилата не
се навали под агол од 45°. После тоа, стегнете го
лостот за блокирање.
► Сл.48: 1. Надолжен граничник 2. Лост за
блокирање 3. Рачно тркало
3.
Исправете го алатот од неговата десна страна.
► Сл.49
4.
Одвртете ги шрафовите на долната плоча и
отстранете ја.
5.
Одвртете ги капачињата на држачите на
четкичките со помош на шрафцигер и отстранете ги
истрошените карбонски четкички.
► Сл.50: 1. Долна плоча 2. Капаче на држач на
четкичка 3. Шрафцигер
6.
Наместете ги новите карбонски четкички
и прицврстете ги капачињата на држачите на
четкичките.
7.
Прикачете ја долната плоча со шрафови
и внимателно легнете ја алатката на долната
страна. Складирајте го надолжниот граничник ако е
отстранет.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Ножеви за пила со карбидни и челични запци
Долен дел од масата (Л)
Долен дел од масата (задна страна)
Надолжен граничник
Граничник за косо сечење
Рачен клуч 13-22
Клуч 19
Имбус-клуч 5
Приклучок (за поврзување на собирачот на
прав)
Помошна масичка
Проверете во упатството за користење за
помошната масичка за столната пила што се
доставува со столната пила како изборен додаток.
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
66 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents