Makita 2704N Instruction Manual page 60

Hide thumbs Also See for 2704N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
Често чистете ги и отстранувајте ги
струганиците од столната пила и/или
собирачот на прав. Насобраните струганици
се запаливи и може да се самозапалат.
5.
Столната пила мора да е прицврстена. Ако
столната пила што не е правилно прицврстена,
таа може да се помести или преврти.
6.
Пред да ја вклучите столната пила, отстранете ги
алатите, дрвените остатоците и сл. од работната
површина. Тие се опасни затоа што може да ви го
одвлечат вниманието или да предизвикаат заглавување.
7.
Секогаш користете ножеви за пила со правилна
големина и облик (дијамантски наспроти
кружни) на дупчињата за прицврстување.
Ножевите за пила што не се совпаѓаат со
монтажниот хардвер на пилата ќе забегуваат од
центарот, предизвикувајќи губење на контролата.
8.
Никогаш не користете оштетени или
неправилни средства за монтирање на ножот
за пила, како што се фланши, шајбни, завртки
или навртки за ножот за пила. Овие средства за
монтирање се специјално наменети за безбедна
работа и оптимална изведба на вашата пила.
9.
Никогаш не стојте врз столната пила и не
користете ја како столче за качување. Може да
дојде до сериозна повреда ако пилата се преврти
или ако случајно го допрете алатот за сечење.
10. Уверете се дека ножот за пила е инсталиран да
ротира во правилната насока. Не користете тркала
за брусење, жичени четки или абразивни тркала
на столната пила. Неправилната монтажа на ножот
за пила или користењето на непрепорачани додатоци
може да предизвика сериозна повреда.
Дополнителни инструкции
Користете само ножеви за пила што се
1.
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
2.
Изберете го правилниот нож за пила за
материјалот што треба да се сече.
3.
Носете ракавици кога ракувате со ножевите за пила.
4.
Исчистете ги вретеното, фланшите (особено
површината за монтирање) и шестоаголната
навртка пред да го ставите сечилото.
Неправилното монтирање може да предизвика
вибрации/осцилации или лизгање на сечилото.
5.
Не сечете метални предмети, како што се шајки
и завртки. Проверете дали има и отстранете ги
сите шајки, завртки и други работи од работниот
материјал пред да почнете со работа.
НИКОГАШ не дозволувајте му никому да застане
6.
во линијата на движење на ножот за пила.
7.
Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Проверете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансирано сечило.
8.
Алатот не треба да се користи за дупчење,
полужлебови или жлебови.
9.
Заменете го лежиштето за сечилото кога ќе
се истроши.
10. Секогаш складирајте ја штичката за туркање
кога не се користи.
11.
Отстранете ги сите лабави јазли од работниот
материјал ПРЕД да започнете со сечење.
12. Дел од прашина што се создава при
работењето содржи хемикалии за
кои се знае дека предизвикуваат рак,
деформитети при раѓање или се штетни за
репродуктивниот систем. Некои примери за
вакви хемикалии се:
олово од материјали обоени со боја
врз база на олово и
арсен и хром од хемиски обработено дрво.
Ризикот од изложувањето зависи од тоа колку
често работите работи од ваков тип. За да ја
намалите изложеноста на овие хемикалии:
работете во добро проветрени простории и
со одобрена безбедносна опрема, како што се
маски за прав што се специјално направени за
да филтрираат микроскопски честички.
13. Секогаш проверувајте дали долниот
штитник е спуштен и лежи рамно на масата
за сечење пред да го приклучите алатот.
14. Периодично проверувајте ги продолжните
кабли и ако се оштетени, заменете ги.
15. (Само за земјите во Европа)
Користете само ножеви за пилашто се
препорачани од производителот и се во
согласност со EN847-1.
МЕСТЕЊЕ
Поставување на столната пила
► Сл.1: 1. Дијаметар на отвор 8 мм
► Сл.2: 1. 6 мм стандардна шајбна 2. Бр.10 дрвена
завртка 40 мм минимална должина
► Сл.3: 1. 6 мм стандардна шајбна 2. 6 мм завртка
и навртка за монтирање цврсто затегнати
Поставете ја столната пила во добро осветлена и
рамна област, каде што може да обезбедите стабилна
потпора и рамнотежа. Треба да се монтира во област
во која останува доволно простор за лесно ракување со
големината на вашите работни материјали. Столната
пила треба да се прицврсти со четири шрафови или
завртки на работната маса или на масата за столната
пила преку обезбедените отвори на дното од столната
пила. Кога ја прицврстувате столната пила на работната
маса, уверете се дека на работната маса има отвор
што е со иста големина со отворот на дното од столната
пила за да може струганиците да паѓаат низ него.
Доколку за време на работењето има тенденција
столната пила да се преврти, да се лизне или да се
движи, работната маса или таблата за пила треба
да биде прицврстена за подот.
Чување на приборот
► Сл.4: 1. Граничник за косо сечење
► Сл.5: 1. Надолжен граничник 2. Стапче за
туркање 3. Запци против повратни удари
Граничникот за косо сечење, ножот за пила и
клучевите може да се складираат на левата страна од
основата. Исто така, надолжниот граничник, штичката
за туркање и запците против повратни удари може да
се складираат на десната страна од базата.
60 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents