Makita 2704N Instruction Manual page 63

Hide thumbs Also See for 2704N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Проверете дали ножот за пила
е монтиран така што запците се подредени во
насоката на сечењето (вртењето).
ВНИМАНИЕ:
Проверете го дијаметарот на
отворот за вратило пред да го монтирате ножот
за пила. Секогаш користете го правилниот
прстен за отворот за монтирање на можот
за пила што планирате да го користите.
Големината на испорачаните прстени варира во
зависност од земјата.
За алатка со нож за пила со дијаметар на
отворот од 30 мм, испорачан е прстен со
надворешен дијаметар од 30 мм.
За алатка со нож за пила со дијаметри на
отворот од 25,4 мм и 25 мм, испорачани
се сребрен и црн прстен. Користете го
сребрениот прстен за ножот за пила со
дијаметар на отворот од 25,4 мм, а црниот
прстен за ножот за пила со дијаметар на
отворот од 25 мм.
4.
За да го прицврстите ножот за пила, држете
ја надворешната фланша со рачниот клуч, а потоа
стегнете ја шестоаголната навртка вртејќи надесно.
УВЕРЕТЕ СЕ ДЕКА ЦВРСТО СТЕ ЈА СТЕГНАЛЕ
ШЕСТОАГОЛНАТА НАВРТКА.
► Сл.23: 1. Закосен клуч 2. Клуч
ВНИМАНИЕ:
Површината на фланшата не
треба да има прав или друг леплив материјал
затоа што може да предизвика лизгање на
сечилото.
ВНИМАНИЕ:
Внимателно држете го
шестоаголната навртка со клучот. Ако клучот
ви се лизне, клучот може да се отпушти од
шестоаголната навртка и можете да ја удрите
раката во острите рабови од сечилото.
5.
Прикачете го лежиштето за сечилото на своето
место со помош на шрафот.
Нагодување на ножот за цепење
ВНИМАНИЕ:
Ако ножот за пила и ножот за
цепење не се правилно порамнети, може да
дојде до опасно заглавување при работата.
Внимавајте да бидат правилно порамнети. Ако
користите алат со неправилно поставен нож за
цепење, може да дојде до сериозни повреди.
ВНИМАНИЕ:
НИКОГАШ не правете никакви
нагодувања додека алатот работи. Исклучете
го алатот пред да вршите некакви нагодувања.
ВНИМАНИЕ:
Не вадете го ножот за цепење.
► Сл.24: 1. Штитник на ножот 2. Нож за цепење
3. Шраф
Положбата на ножот за цепење е фабрички
приспособена за ножот за пила и ножот за цепење
да бидат порамнети во права линија. Меѓутоа, ќе
треба да ја приспособите ако ножот за пила и ножот
за цепење не се во права линија.
Одвртете го шрафот на лежиштето за сечилото
и отстранете го од главната маса. Одвртете ги
шестоаголните завртки (Б) и приспособете ја
положбата за монтирање на штитникот за сечилото
(исправено) така што ножот за цепење да се наоѓа
директно зад ножот за пила. Потоа стегнете ги
шестоаголните завртки (Б) за да го прицврстите во
исправената положба и ставете го лежиштето за
сечилото на своето место.
► Сл.25: 1. Сечило 2. Овие две растојанија треба
да бидат еднакви. 3. Нож за цепење
4. Шестаголни завртки (Б) 5. Шестаголни
завртки (А)
Помеѓу ножот за цепење и запците од сечилото
мора да има растојание од околу 4 - 5 мм. Одвртете
ги шестоаголните завртки (А), поставете го ножот за
цепење, а потоа цврсто стегнете ги шестоаголните
завртки (А). Прикачете го лежиштето за сечилото на
масата со помош на завртката, а потоа проверете
дали штитникот за сечилото правилно работи пред
да почнете со сечење.
► Сл.26: 1. Нож за цепење 2. Штитник за сечило
3. Растојание 4 мм - 5 мм
Монтирање и нагодување на
надолжниот граничник
► Сл.27: 1. Кука 2. Копче 3. Шина-водилка
1.
Ставете ја куката на врвот од надолжниот
граничник во подалечната шина-водилка на масата
или долниот дел од масата (Д) и монтирајте го
и турнете го надолжниот граничник така што
држачот за граничникот да влезе во поблиската
шина-водилка.
2.
За да го лизнете надолжниот граничник на
страната од шината-водилка, вратете го целосно
тркалото на држачот од граничникот без да ја
влечете рачката на тркалото.
За да го прицврстите надолжниот граничник,
целосно свртете го тркалото на држачот од
граничникот.
3.
За да го отстраните надолжниот граничник,
повлечете ја рачката на тркалото и свртете го
тркалото целосно напред додека ја влечете рачката.
За да проверите дали надолжниот граничник
е паралелен со ножот за пила, прицврстете го
надолжниот граничник на 2 - 3 мм од сечилото.
Подигнете го сечилото на максимална височина.
Обележете еден од запците на сечилото со
креда. Измерете го растојанието (А) и (Б) помеѓу
надолжниот граничник и ножот за пила. Измерете
ги двете растојанија од забецот што го означивте со
креда. Овие две растојанија треба да бидат еднакви.
Ако надолжниот граничник не е паралелен со ножот
за пила, направете го следново:
► Сл.28: 1. Скала
1.
Ставете го надолжниот граничник во положба
за лизгање.
2.
Одвртете ги двете шестоаголни завртки на
надолжниот граничник со испорачаниот имбус-клуч.
► Сл.29: 1. Шестаголни завртки
63 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents