Makita 5705R Instruction Manual page 41

Hide thumbs Also See for 5705R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Не користете сечила што не се во согласност
со карактеристиките дадено во ова упатство.
Не користете сечила чиј диск е подебел,
или чиј сет е помал отколку дебелината на
разделниот нож.
► Сл.14: 1. Имбус клуч 2. Забравник на вретеното
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека сечилото е монтирано со забите
насочени нагоре кон предниот дел на алатот.
Користете само клуч Makita за ставање или
вадење на сечилото.
Никогаш не ослободувајте ја блокадата на
оската додека пилата работи.
За да го извадите сечилото, притиснете ја блокадата на оската
целосно такашто сечилото да не може да се врти и употребете
имбус-клуч за олабавување на имбус-завртката во насока
спротивна од стрелките на часовникот. Потоа, извадете ги
имбус-завртката, надворешната фланша и сечилото.
За да го наместите сечилото, следете ја постапката
за вадење по обратен редослед. ВНИМАВАЈТЕ
ДОБРО ДА ЈА ЗАТЕГНЕТЕ ИМБУС-ЗАВРТКАТА.
► Сл.15: 1. Завртка со имбус-глава 2. Надворешна
фланша 3. Сечило за пила 4. Внатрешна
фланша
Кога го заменувате сечилото, исто така исчистете
ги горниот и долниот заштитник од насобраните
отпадоци. Сепак, тоа не го заменува правилото дека
треба секогаш да го проверувате долниот заштитник
дали работи пред секоја употреба.
Поврзување вакуумска смукалка
► Сл.16: 1. Вакуумски чистач
Кога сакате да извршите чисто сечење, на вашиот
алат повзете вакуумска смукалка Makita. Монтирајте
ја спојката на алатот со помош на завртките. Потоа,
поврзете го цревото на вакуумската смукалка на
спојката како што е прикажано на сликата.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да го движите алатот напред во
права линија и нежно. Прекумерната сила
или искривувањето на алатот ќе резултира со
прегревање на моторот, и опасен повратен удар
што би можело да доведе до тешки повреди.
Цврсто држете го алатот. Алатот има предна дршка
и задна дршка. Користете ги обете за добар фат на
алатот. Ако пилата се држи со двете раце, тие не
можат да бидат пресечени од сечилото. Поставете
ја основата врз материјалот што ќе го сечете, со тоа
што сечилото не смее да го допира. Потоа вклучете
го алатот и почекајте додека сечилото достигне
целосна брзина. Сега, едноставно придвижете го
алатот нанапред долж површината на материјалот
што се сече при тоа одржувајќи го праволиниски и
напредувајќи бавно додека сечењето не заврши.
За добивања чисти пресечени парчиња, држете
ја линијата на сечење права и брзината на
напредување контантна. Ако сечењето не ја следи
вашата планирана линија на сечење, не обидувајте
се да го присилите алатот назад на оригиналната
линија. На тој начин може да дојде до лепење на
сечилото и да предизвика опасен повратен удар и
можна тешка повреда. Отпуштете го прекинувачот,
почекајте сечилото да запре и потоа повлечете
го алатот. Одново порамнете го алатот на нова
линија на сечење и повторно започнете со сечење.
Обидувајте се да избегнете положби кои го
изложуваат операторот на распрскувачки отпадоци
од сечењето. Користете заштита за очите за да
спречите повреда.
► Сл.17
ВНИМАНИЕ:
Разделниот нож треба секогаш да се користи
освен кога се користи во средиштето на
работниот материјал.
Надолжен потпирач (водилна
шина)
► Сл.18
Практичниот надолжен потпирач (водилна
шина) овозможува да се сече право со посебна
предизност. Едноставно притиснете го потпирачот
од страната на материјалот и прицврстете го во таа
положба со завртката за стегање од предниот дел
на основата. Тоа овозможува и изведување прави
засеци со еднообразна ширина повеќе пати.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
Исчистете го штитникот за да се осигурите
дека нема насобран прав и отпадоци, што
може да го наруши работењето на долниот
заштитен систем. Ако заштитниот систем е
нечист, тоа може да го ограничи правилното
работење, што може да резултира со тешка
телесна повреда. Најефикасниот начин
да се изврши ова чистење е со употреба
на компримиран воздух. Ако правот се
издувува преку штитниците, носете
соодветна заштита за очи и дишење.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
41 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

5903r5103r5143r

Table of Contents