Предуслови За Инсталација - Samsung WW1 B Series Manual

Hide thumbs Also See for WW1 B Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Инсталација
Следете ги внимателно упатствата за да извршите правилна инсталација на машината за перење и да спречите
несреќи при перење на облеката.
Предуслови за инсталација
Довод на електрична струја и заземјување
Користете посебен вод од електричната инсталација за машината за перење.
За да се овозможи соодветно заземјување, машината за перење се испорачува со кабел за напојување со заземјен
приклучок со три шилци за користење со правилно инсталиран и заземјен штекер.
Консултирајте се со квалификуван електричар или сервисер доколку не сте сигурни за заземјувањето.
Не менувајте го испорачаниот приклучок. Ако не одговара за штекерот, викнете квалификуван електричар да
инсталира соодветен штекер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ користете продолжен кабел.
Користете го само кабелот за напојување што се испорачува со машината за перење.
НЕ поврзувајте ги жиците за заземјување на пластични водоводни цевки, цевки за гас или цевки за топла вода.
Неправилно поврзани проводници за заземјување може да предизвикаат струен удар.
Довод на вода
Соодветен притисок на водата за оваа машина за перење е меѓу 50 kPa и 1000 kPa. Притисок на водата помал
од 50 kPa може да предизвика вентилот за вода да не се затвора целосно, или полнењето на барабанот да трае
подолго, што ја исклучува машината за перење. Славините за вода мора да бидат на оддалеченост до 120 cm од
задната страна на машината за перење, за да можат испорачаните црева за довод да достигнат до машината за
перење.
За да го намалите ризикот од истекување:
Проверете дали славините се лесно достапни.
Затворете ги славините кога машината за перење не се користи.
Често проверувајте дали протекува вода на спојните места на цревото за довод.
ВНИМАНИЕ
Проверете дали има протекување кај сите спојни места на вентилите за вода и славините пред првото користење на
машината за перење.
Одвод
Samsung препорачува исправена цевка со висина од 60-90 cm. Цревото за одвод треба да се поврзе со отворот на
цевката со спојката за него, а отворот треба целосно да го покрива цревото.
10 
Македонски
B-PJT_WW5000B-MD_SG_DC68-04409H-01_MK.indd 10
2022-10-19
6:37:14

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents