Download Print this page

Предуслови За Инсталација - Samsung WW80T304MBW/LE User Manual

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 342
Инсталација
Предуслови за инсталација
Довод на електрична струја и заземјување
Потребен е осигурувач или прекинувач на
електрично коло за наизменична струја од
220-240 V / 50 Hz
Користете посебен вод од електричната
инсталација за машината за перење
За да овозможи соодветно заземјување,
машината за перење се испорачува со кабел
за напојување кој содржи заземјен приклучок
со три елементи, за вметнување во правилно
инсталиран и заземјен штекер.
Консултирајте се со квалификуван електричар
или сервисер доколку не сте сигурни за
заземјувањето.
Немојте да го менувате испорачаниот приклучок.
Ако не може да се вметне во штекерот, викнете
квалификуван електричар да инсталира
соодветен штекер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ користете продолжителен кабел.
Користете го единствено кабелот за
напојување кој се испорачува со машината за
перење.
НЕ поврзувајте ги жиците за заземјување на
пластични водоводни цевки, цевки за гас или
цевки за топла вода.
Неправилно поврзаните проводници
за заземјување може да предизвикаат
електричен удар.
18 Македонски
WW3000TM_7-9KG_LE_8C104-000582_MK.indd 18
WW3000TM_7-9KG_LE_8C104-000582_MK.indd 18
Довод на вода
Соодветен притисок на вода за оваа машина за
перење е меѓу 50 kPa и 1000 kPa. Притисок на
вода помал од 50 kPa може да спречи целосно
затворање на вентилот за вода. Или полнењето
на барабанот може да трае подолго време,
што ќе предизвика исклучување на машината.
Славините за вода треба да се оддалечени до
120 cm од задната страна на машината за перење
за да можат испорачаните црева за довод да
достигнат до машината за перење.
За да го намалите ризикот од истекување вода:
Проверете дали славините се лесно
достапни.
Затворете ги славините кога машината за
перење не се користи.
Често проверувајте дали протекува вода на
спојните места на цревата за довод.
ВНИМАНИЕ
Проверете дали има протекување кај сите спојни
места на вентилите за вода и славините пред
првото користење на машината за перење.
Одвод
Samsung препорачува исправена цевка со
висина од 60-90 cm. Цревото за одвод треба да
се поврзе со отворот на цевката со штипката за
црево, а отворот треба целосно да го покрива
цревото за одвод.
2021-02-01
2021-02-01
12:49:29
12:49:29

Hide quick links:

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Ww8 t30 seriesWw7 t30 seriesWw9 t30 series