Предуслови За Инсталација - Samsung WW8 J3 Series User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Предуслови за инсталација
Довод на електрична струја и заземјување
Потребен е осигурувач или прекинувач на
електрично коло од типот AC 220-240 V / 50 Hz
Користете посебен вод од електричната
инсталација за машината за перење
За да овозможи соодветно заземјување, машината
за перење се испорачува со кабел за напојување
кој содржи заземјен приклучок со три елементи,
за вметнување во правилно инсталиран и заземјен
штекер.
Консултирајте се со квалификуван електричар или
сервисер доколку не сте сигурни за заземјувањето.
Немојте да го менувате испорачаниот приклучок.
Доколку не може да се вметне во штекерот,
повикајте квалификуван електричар за да
инсталира соодветен штекер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ користете продолжителен кабел.
Користете го единствено кабелот за напојување
кој се испорачува со машината за перење.
НЕ поврзувајте ги жиците за заземјување на
пластични водоводни цевки, цевки за гас или
цевки за топла вода.
Неправилно поврзаните проводници за
заземјување може да предизвикаат електричен
удар.
WW3000J-03581B-02 (SEPM)_MK (LE)_150429.indd 15
Довод на вода
Соодветниот притисок на вода за оваа машина
за перење изнесува помеѓу 50 kPa и 800 kPa.
Притисокот на вода кој е помал од 50 kPa може
да го спречи целосното затворање на вентилот за
вода. Или, пак, може да биде потребно подолго
време за полнење на барабанот, што ќе предизвика
исклучување на машината. Славините за вода
мора да бидат на оддалеченост до 120 cm од
задната страна на машината за перење, за да можат
испорачаните црева за довод да достигнат до
машината за перење.
За да го намалите ризикот од истекување вода:
Проверете дали славините се лесно достапни.
Затворете ги славините кога машината за
перење не се користи.
Често проверувајте дали протекува вода на
спојните места на цревата за довод.
ВНИМАНИЕ
Проверете дали има протекување кај сите спојни
места на вентилите за вода и славините пред првото
користење на машината за перење.
Одвод
Samsung препорачува височина на хидрантот од
60-90 cm. Цревото за одвод мора да биде поврзано
со хидрантот преку спојката за цревото, а хидрантот
мора целосно да го покрие цревото за одвод.
Македонски 15
2015-04-29
4:41:24

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ww7 j3 seriesWw6 j3 series

Table of Contents