Ракување со вашиот фрижидер
Чистење на фрижидерот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•
Не користете бензен, разредувач или Clorox™ при чистењето.
•
Тие може да ја оштетат површината на уредот и да создадат ризик од пожар.
ВНИМАНИЕ
Фрижидерот не смее да се прска со вода додека е вклучен на напојување, бидејќи тоа може да предизвика
електричен удар. Фрижидерот не треба да се чисти со бензен, разредувач или детергент за автомобили бидејќи тие
предизвикуваат ризик од пожар.
1. Исклучете го кабелот за напојување на фрижидерот.
2. Натопете мека крпа што не остава влакна или хартиена крпа со малку вода.
ЗАБЕЛЕШКА
Не користете никакви детергенти за чистење на фрижидерот бидејќи тие може да предизвикаат обезбојување
или оштетување на фрижидерот.
3. Бришете ги внатрешната и надворешната површина на фрижидерот сè додека не станат чисти и суви.
4. Приклучете го кабелот за напојување на фрижидерот.
Отстранување на внатрешните делови
Ако се исклучи внатрешната или надворешната LED-светилка, немојте сами да го вадите капакот на светилката или
LED-светилката.
ЗАБЕЛЕШКА
Ве молиме контактирајте со сервисер.
48
Македонски
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 48
2019-02-25
8:08:40