Поставување на вашиот фрижидер
32
Македонски
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 32
1. Ставете го фрижидерот на соодветна локација
со доволно празен простор помеѓу ѕидот и
фрижидерот. Погледнете ги инструкциите за
инсталирање во ова упатство.
2. Пред да започнете да го користите фрижидерот
треба да ја отстраните заштитата од рабовите
на полиците прикажани на сликата подолу. (За
заштита на фрижидерот при транспорт се користи
PE-пена).
3. Откако ќе го приклучите фрижидерот во штекер,
проверете дали внатрешната светилка ќе се вклучи
кога ќе ги отворите вратите.
4. Поставете ја најниската можна температура и
почекајте еден час. Замрзнувачот треба малку да се
излади, а моторот ќе работи тивко.
5. Откако ќе го приклучите фрижидерот на
напојување, ќе му бидат потребни неколку часа за
да ја постигне соодветната температура.
6. Во фрижидерот може да почнете да складирате
храна и пијалаци кога температурата во
фрижидерот ќе се намали доволно.
ЗАБЕЛЕШКА
Кога ќе го приклучите фрижидерот на напојување, тој
ќе репродуцира аларм. Притиснете го копчето Freezer
(Замрзнувач) или Fridge (Фрижидер).
2019-02-25
8:08:34