Ракување со вашиот фрижидер
01 Фрижидер / Одмор (3 сек.)
Fridge (Фрижидер)
Vacation (Одмор)
34
Македонски
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 34
За да ја прилагодите температурата на фрижидерот, притиснете Fridge (Фрижидер) за да
ја изберете соодветната температура.
Може да ја менувате температурата помеѓу 1 °C и 7 °C.
Засилено ладење
Со Засилено ладење се забрзува процесот на ладење со максимална брзина на
вентилаторот. Фрижидерот ќе продолжи да работи со максимална брзина во траење од
два часа и половина, а потоа ќе ја врати претходната температура.
•
За да ја активирате функцијата Засилено ладење, изберете температура од 1 °C, а
потоа притиснете Fridge (Фрижидер) за да изберете Засилено ладење. Соодветниот
индикатор (
) ќе се вклучи, а фрижидерот ќе го забрза процесот на ладење.
•
За да ја деактивирате функцијата Засилено ладење, повторно притиснете
Fridge (Фрижидер). Потоа температурата во фрижидерот ќе се врати на 7 °C.
ЗАБЕЛЕШКА
Со користење на функцијата Засилено ладење се зголемува потрошувачката на енергија.
Не заборавајте да ја исклучите функцијата и да ја вратите претходната температура
доколку немате намера да ја користите.
Ако одите на одмор или на деловно патување, или ако не планирате да го користите
фрижидерот подолг временски период, тогаш активирајте го режимот Одмор.
За да го активирате режимот Одмор, притиснете и задржете врз Fridge (Фрижидер)
•
во траење од 3 секунди. Индикаторот за вклучен режим Одмор (
а приказот на температурите на фрижидерот ќе се исклучи. Температурата на
фрижидерот ќе се одржува под 17°C, но замрзнувачот ќе продолжи да биде активен
според тоа како сте го поставиле претходно.
За да го деактивирате режимот Одмор, повторно притиснете и задржете врз Fridge
•
(Фрижидер) во траење од 3 секунди. Температурата на фрижидерот ќе се врати на
претходно поставената вредност.
ЗАБЕЛЕШКА
•
Не заборавајте да ја отстраните храната од фрижидерот пред да започнете да го
користите режимот Одмор.
•
Режимот Одмор ќе се исклучи доколку ја прилагодите температурата.
) ќе се активира,
2019-02-25
8:08:35