Безбедносни информации
Важни безбедносни мерки
Предупредување; Ризик од пожар / запаливи материјали
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•
При позиционирање на уредот, внимавајте да не го приклештите
или оштетите кабелот.
•
Не ставајте продолжителни кабли со повеќе приклучоци или
преносливи уреди за напојување зад уредот.
•
Полнете го само со вода за пиење.
•
Приклучувајте го само на извор на вода за пиење.
•
Не дозволувајте да се затнат отворите за вентилација во
оградениот дел на уредот или во конструкцијата за вградување.
•
Не употребувајте механички направи или други средства за
забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние коишто се
препорачани од производителот.
•
Не оштетувајте го разладното коло.
•
Не користете електрични апарати во внатрешноста на преградите
за складирање храна на уредот, освен ако тоа не го препорачува
производителот.
•
Овој уред не е наменет да го користат лица (вклучувајќи и деца) со
намалени физички, сензорски или ментални способности или лица
без искуство и знаење, освен ако се под надзор и имаат добиено
упатства за користење на уредот од страна на лицето коешто е
одговорно за нивната безбедност.
6
Македонски
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 6
2019-02-25
8:08:32