Makita DLS211 Instruction Manual page 147

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS211:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Заклучување на лизгачот
За да се заклучи потезното движење на носачот,
турнете го носачот кон насочниот граничник додека
не застане. Повлечете го осигурувачот за стопирање
и свртете го за 90°.
► Сл.28: 1. Неблокирана положба 2. Блокирана
положба 3. Осигурувач за стопирање
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
касетата(ите) за батеријата во алатот,
секогаш проверувајте дали прекинувачот за
стартување функционира правилно и дали се
враќа во положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
Не повлекувајте го силно прекинувачот за
стартување без да го притиснете копчето за
одблокирање. Тоа може да предизвика дефект
на прекинувачот. Ако работите со алат чиј
прекинувач не работи исправно, може да дојде до
загуба на контролата и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако прекинувачот не
е целосно функционален. Секој алат со
неисправен прекинувач е МНОГУ ОПАСЕН и
мора да се поправи пред натамошна употреба,
во спротивно, може да дојде до тешка телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот без да се
притисне копчето за блокирање. Прекинувачот
што треба да се поправи може да резултира со
ненамерно стартување на алатот и тешка телесна
повреда. Вратете го алатот во сервисен центар на
Makita за соодветна поправка ПРЕД натамошна
употреба.
► Сл.29: 1. Прекинувач за стартување 2. Копче за
блокирање 3. Отвор за катанец
За да не се повлече прекинувачот за стартување
случајно, обезбедено е копче за блокирање. За
да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за блокирање и повлечете го прекинувачот за
стартување. Отпуштете го прекинувачот за
стартување за да сопре.
На прекинувачот за стартување има отвор за
вметнување катанец за заклучување на алатот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
заклучување со шипка или кабел со дијаметар
помал од 6,35 мм. Шипката или кабелот со помал
дијаметар може да не го заклучат алатот целосно
во исклучената положба и може да дојде до
ненамерно вклучување што ќе резултира со тешка
телесна повреда.
Пред да ја вметнете
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
Не користете
147 МАКЕДОНСКИ
Електронска функција
Одлика за меко стартување
Оваа функција овозможува лесно стартување на
алатот со ограничување на стартниот вртежен
момент.
Дејство на ласерскиот зрак
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не гледајте во
ласерскиот зрак. Директниот ласерски зрак може
да предизвика повреда на вашите очи.
За да го вклучите ласерскиот зрак, притиснете
ја горната положба (I) на прекинувачот. За да го
исклучите ласерскиот зрак, притиснете ја долната
положба (0) на прекинувачот
► Сл.30: 1. Прекинувач за ласерот
Линијата на ласерот може да се помести или на
левата или на десната страна од ножот на пилата
со вртење на завртката за нагодување на следниов
начин.
► Сл.31: 1. Завртка за нагодување
1.
Олабавете ја завртката за нагодување вртејќи
ја налево.
2.
Со завртката за нагодување олабавена,
лизнете ја надесно или налево до крај.
3.
Цврсто стегнете ја завртката за нагодување во
положбата во која престанува да се лизга.
НАПОМЕНА: Линијата на ласерот е фабрички
нагодена, така што е позиционирана во рамки на
1 мм од страничната површина на ножот (позиција
за сечење).
НАПОМЕНА: Кога линијата на ласерот се
прикажува затемнета и е тешко-видлива поради
директната сончева светлина, преместете ја
работната област на место на кое сончевата
светлина допира помалку.
Порамнување на линијата на ласерот
Порамнете ја линијата на сечење на работниот
материјал со линијата на ласерот.
► Сл.32
A) Кога сакате да ја добиете точната големина на
левата страна на работниот материјал, префрлете ја
линијата на ласерот на левата страна од сечилото.
B) Кога сакате да ја добиете точната големина на
десната страна на работниот материјал, префрлете
ја линијата на ласерот на десната страна од
сечилото.
НАПОМЕНА: Поставете дрвена чивија до
насочниот граничник кога ја порамнувате линијата
на сечење со линијата на ласерот на страната од
насочниот граничник при комбинирано сечење
(надолжен кос агол од 45° и десен напречен кос
агол од 45°).

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls212Dls211zu

Table of Contents