Makita DLS211 Instruction Manual page 139

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS211:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Никогаш не префрлајте ја раката над
замислената линија на сечење пред или
зад ножот на пилата. Држејќи го работниот
материјал со „вкрстени раце", односно држејќи
го работниот материјал со левата рака на
десната страна од ножот на пилата или
обратно е многу опасно.
► Сл.1
6.
Не посегнувајте зад граничникот со
ниту една рака поблиску од 100 мм од
двете страни на ножот на пилата за да
ги отстраните деланките од дрвото или
поради која било друга причина додека
ножот се врти. Близината на ножот на пилата
што се врти до вашата рака може да не биде
очигледна и може сериозно да се повредите.
Проверете го работниот материјал пред
7.
сечењето. Ако работниот материјал е
наведнат или искривен, стегнете го со
надворешната наведната страна кон
граничникот. Секогаш бидете сигурни дека
не постои јаз помеѓу работниот материјал,
граничникот и масата долж линијата на
резот. Наведнатите или искривените работни
материјали може да се извиткаат или поместат и
при сечењето може да предизвикаат сврзување
на ножот на пилата што се врти. Не треба да има
клинци ниту туѓи објекти во работниот материјал.
8.
Не користете ја пилата додека не ја
исчистите масата од сите алатки, отпадоци
од дрво итн., освен работниот материјал.
Со голема брзина може да бидат исфрлени
мали остатоци или разлабавени парчиња од
дрво или други предмети кои имаат контакт со
ротирачкото сечило.
9.
Сечете само еден по еден работен материјал. Повеќе
наредени работни материјали не може соодветно да се
прицврстат или опфатат и може да се сврзат на ножот
или да се поместат за време на сечењето.
10. Осигурете се дека аголната пила е монтирана
или поставена на рамна, цврста работна
површина пред употребата. Рамната и цврста
работна површина го намалува ризикот од
нестабилност на аголната пила.
11.
Планирајте ја вашата работа. Секогаш кога
ќе ги промените поставувањата на аголот
на закосеност или аголот на спој, бидете
сигурни дека нагодливиот граничник е
правилно поставен за да го поддржува
работниот материјал и да не му пречи на
ножот или системот за заштита. Без да го
поставите алатот на „ВКЛУЧИ" и без работен
материјал на масата, придвижете го ножот
на пилата низ целосно симулираниот рез за
да се осигурите дека нема да има пречки или
опасност од сечење на граничникот.
12. Обезбедете соодветна поддршка, како што
се продолжетоци за маса, ногарки, итн.
за работен материјал што е поширок или
подолг од површината на масата. Работниот
материјал што е подолг или поширок од масата
на аголната пила може да се преврти ако не е
добро поддржан. Ако пресеченото парче или
работниот материјал се превртат, може да го
подигнат долниот штитник или ножот може да
ги исфрли.
13. Не користете друго лице како замена за
продолжеток на масата или како дополнителна
поддршка. Нестабилна поддршка на работниот
материјал може да предизвика сврзување на ножот
или префрлање на работниот материјал за време
на операцијата на сечење повлекувајќи ве вас и
вашиот помошник кон ножот што се врти.
14. Отсеченото парче не треба да се заглавува
или притиска на каков било начин кон ножот
на пилата што се врти. Ако е во ограничен
простор, односно употребувате стопери за
должина, отсеченото парче би можело да се
заглави во ножот и насилно да биде исфрлено.
15. Секогаш користете менгеме или фиксатор
што се дизајнирани за соодветна поддршка
на заоблен материјал, како шипки или
цевки. Шипките имаат тенденција да се вртат
додека се сечат, со што се предизвикува
сечилото да „гризе" и да го повлече
материјалот со вашата рака кон ножот.
16. Ножот треба да достигне полна брзина пред да
дојде во контакт со работниот материјал. Ова ќе го
намали ризикот од исфрлање на работниот материјал.
17. Ако работниот материјал или ножот се
заглават, исклучете ја аголната пила.
Почекајте сите подвижни делови да запрат и
исклучете го кабелот од изворот на енергија
и/или извадете ја батеријата. Потоа пробајте
да го извадите заглавениот материјал. Ако
продолжите да пилате со заглавен работен
материјал, може да изгубите контрола врз
аголната пила или пак да ја оштетите.
18. По завршувањето на сечењето, отпуштете го
прекинувачот, држете ја главата на пилата надолу
и почекајте ножот да запре пред да го отстраните
отсеченото парче. Опасно е да посегнувате со
раката во близина на движечкото сечило.
19. Држете ја цврсто рачката при правење
нецелосен рез или кога го отпуштате
прекинувачот пред главата на пилата да
е целосно во позиција надолу. Силата на
сопирање на пилата може да предизвика
главата на пилата одеднаш да се повлече
надолу, предизвикувајќи ризик од повреда.
20. Користете само сечило на пила со дијаметар
што е означен на алатот или назначен во
прирачникот. Употребата на сечило со неправилни
димензии може да влијае врз правилната заштита
или работењето на сечилото или заштитникот, што
може да резултира со тешка телесна повреда.
21. Користете само ножеви за пила што се
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
22. Не користете ја пилата за сечење што било
друго освен дрво, алуминиум или слични
материјали.
23. (Само за европските држави)
Секогаш користете го сечилото што е во
согласност со EN847-1.
Дополнителни инструкции
Направете ја работилница безбедна за деца
1.
користејќи катанци.
2.
Никогаш не стојте врз алатот. Може да дојде
до сериозна повреда ако се преврти алатот или
ако ненамерно се допре алатот за сечење.
139 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls212Dls211zu

Table of Contents