Makita DLS211 Instruction Manual page 144

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS211:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА: Алатот не работи само со една
касета за батерија.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
повлекување прекумерно висока струја, тој
автоматски се исклучува без никаква индикација.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
вклучено
Кога алатот е прегреан, тој автоматски запира, а
индикаторот за батеријата трепка околу 60 секунди.
Во оваа ситуација, оставете го алатот да се олади
пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на
ниско ниво, алатот автоматски се исклучува. Ако
производот не работи дури ни кога прекинувачите ќе
се вклучат или исклучат, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
► Сл.10: 1. Индикатор за батерија 2. Копче за проверка
Притиснете го копчето за проверка за укажување на
преостанатиот капацитет на батеријата. Индикаторите
за батерија соодветствуваат на секоја од батериите.
Вклучено
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.11: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата
за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди.
Трепка
Запалено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
144 МАКЕДОНСКИ
Статус на индикатор за батерија
Исклучено
Индикаторски ламбички
Исклучено
Преостанат
капацитет на
батеријата
Трепка
од 50% до
100%
од 20% до
50%
од 0% до
20%
Наполнете ја
батеријата
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls212Dls211zu

Table of Contents