Makita RP1802 Instruction Manual page 52

Router
Hide thumbs Also See for RP1802:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
9.
Цврсто држете го алатот со двете раце.
10. Не допирајте ги вртливите делови.
Внимавајте глодачката глава да не го
11.
допира материјалот пред да се вклучи
прекинувачот.
12. Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Гледајте дали вибрира или
се клати, што може да значи дека има
неправилно монтирана глава.
13. Внимавајте на правецот на ротирање на
глодачката глава и правецот од кој го прима
материјалот.
14. Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
15. Секогаш исклучувајте го алатот и почекајте
глодачката глава целосно да сопре пред да
го тргнете алатот од материјалот.
16. Не допирајте ја глодачката глава веднаш по
работата, може да е многу жешка и да си ја
изгорите кожата.
17. Немојте невнимателно да ја мачкате
основата на електричниот алат со
разредувач, бензин, нафта или сл. Може да
предизвикаат напукнување на основата на
електричниот алат.
18. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат токсични. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
19. Секогаш користете ги соодветните маска
за прав / респиратор за материјалот кој го
користите за одредена примена.
20. Ставете го алатот на стабилна површина.
Во спротивно, може да дојде до несреќа од
паѓање и да предизвика повреда.
21. Држете го кабелот подалеку од стапалата
или какви било предмети. Во спротивно,
заплеткан кабел може да предизвика несреќа
од паѓањето и да резултира со телесна
повреда.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
52 МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Прилагодување на длабочината
на сечењето
► Сл.1: 1. Лост за блокирање 2. Шестаголна
завртка за нагодување 3. Блокирач
4. Копче за нагодување 5. Показател
на длабочина 6. Шипка за сопирање
7. Навртка за поставување на шипката за
сопирање 8. Копче за брзо сечење
1.
Ставете го алатот на рамна површина.
Олабавете го лостот за блокирање и спуштете
го телото на алатот додека бургијата на рутерот
не допре рамна површина. Стегнете го лостот за
блокирање за да го блокирате телото на алатот.
2.
Свртете ја навртката за поставување на
шипката за сопирање во насока обратна од
движењето на стрелките на часовникот. Спуштете ја
шипката за сопирање додека не направи контакт со
шестаголната навртката за нагодување. Израмнете
го показателот на длабочината со градацијата „0".
Длабочината на пресекот е наведена на скалата до
показателот на длабочината.
3.
Кога го притискате копчето за брзо напојување,
дигнете ја шипката за сопирање додека не се
постигне саканата длабочина на пресекот. Брзи
прилагодувања на длабочината може да се
направат со вртење на копчето за прилагодување (1
мм на завртување).
4.
Ако ја свртите навртката за поставување
на шипката за сопирање во насока обратна од
движењето на стрелките на часовникот, можете да ја
прицврстите силно шипката за сопирање.
5.
Предодредената длабочина на пресекот
може да се постигне ако се разлабави лостот на
блокирачот и се спушти телото на алатот, додела
шипката за сопирање не дојде во контакт со
прилагодувачката имбус-навртката на блокот за
стопирање.
Најлонска навртка
ВНИМАНИЕ:
Не ја спуштајте најлонската
навртка премногу ниско. Бургијата на рутерот
опасно ќе се испакне.
Горната граница на телото на алатот може да се
прилагоди со свртување на најлонската навртка.
► Сл.2: 1. Најлонска навртка

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents