Makita DLM462 Instruction Manual page 77

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM462:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
16. Не дозволувајте деланки, прав или земја
да се заглават во терминалите, отворите и
жлебовите на касетата за батерија. Тоа може
да предизвика греење, запалување, пукање и
дефект на алатот или касетата за батерија, што ќе
резултира со изгореници или телесна повреда.
17. Освен ако алатката не поддржува употреба
на електричните далноводи со висок
напон во близина, не користете ја касетата
за батерија во близина на електричните
далноводи со висок напон. Тоа може да
резултира со дефект или пад на напојувањето
на алатот или касетата за батерија.
18. Држете ја батеријата подалеку од деца.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ:
Користете само оригинални
батерии на Makita. Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
Совети за одржување
максимален работен век на
батеријата
Заменете ја касетата за батеријата пред
1.
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
Кога не ја користите касетата за батерија,
4.
извадете ја алатот или полначот.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не
5.
ја користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
осигурувајте се клучот за блокирање и
батеријата да се извадени пред да вршите
каква било работа врз косилката. Ако не ги
извадите клучот за блокирање и батеријата,
може да дојде до тешка телесна повреда заради
случајно стартување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
стартувајте ја косилката ако не е целосно
составена. Работењето со делумно составена
машина може да резултира со тешка телесна
повреда заради случајно стартување.
Секогаш
Никогаш не
77 МАКЕДОНСКИ
Монтирање на рачката
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ги монтирате рачките,
поставете ги каблите така да не можат да
зафатат од ништо помеѓу рачките. Ако се
оштети кабелот, можно е прекинувачот на
косилката да не работи.
1.
Порамнете ги отворите на долната рачка
со отворите на телото на косилката, а потоа
привремено затегнете ги 4-те завртки.
► Сл.1: 1. Долна рачка 2. Завртка
2.
Цврсто затегнете ги 4-те завртки кои беа
привремено затегнати во чекорот 1 со помош на
окаст клуч 13.
3.
Порамнете ги отворите на долната и горната
рачка, потоа вметнете ја завртката одвнатре, а потоа
зацврстете ја навртката од надворешната страна
со окаст клуч 13. Извршете ја истата постапка на
другата страна.
► Сл.2: 1. Завртка 2. Долна рачка 3. Навртка
4. Отвор 5. Горна рачка
ВНИМАНИЕ:
Цврсто држете ја горната
рачка за да не ви испадне од раката. Во
спротивно, рачката може да падне и да
предизвика повреда.
4.
Прицврстете ги држачите на рачката.
Порамнете ги испакнатите делови на држачот со
отворите на рачката така што испакнатите делови
да се вклопат во отворите. Наместете ги каблите
како што е прикажано на сликата.
► Сл.3: 1. Кабел 2. Држач
Отстранување на приклучокот за
компост
1.
Отворете го задниот капак.
► Сл.4: 1. Заден капак
2.
Отстранете го приклучокот за компост држејќи
ја рачката надолу.
► Сл.5: 1. Лост 2. Приклучок за компост
Составување на корпата за трева
За модели со корпа за трева
1.
Подигнете ја горната рамка на корпата за
трева.
► Сл.6: 1. Горен клип
2.
Вметнете ја рамката во корпата за трева колку
што може да влезе додека ја држите рачката на
рамката.
► Сл.7: 1. Рачка
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вметнувајте ја рачката во
корпата за трева. Вметнете ја рамката долж шевот
на корпата за трева.
3.
Уверете се дека рабовите на корпата за трева
не висат.
► Сл.8

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm530Dlm532Dlm462pt4

Table of Contents