Makita 2704N Instruction Manual page 59

Hide thumbs Also See for 2704N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8.
Никогаш не посегнувајте околу или над
ротирачкиот нож за пила. Посегнувањето
по работниот материјал може да доведе до
случаен контакт со подвижниот нож за пила.
9.
Обезбедете помошна поддршка за работниот
материјал на задните и/или страните од
столната пила за долги и/или широки
парчиња работен материјал со цел да ги
држи рамни. Долго и/или широко парче работен
материјал има тенденција да се врти на работ на
масата, предизвикувајќи губење на контролата,
заглавување на ножот за пила и повратен удар.
10. Ставајте го работниот материјал со
рамномерно темпо. Не виткајте го и не
кривете го работниот материјал. Ако дојде
до блокирање, веднаш исклучете ја алатката,
извадете го кабелот и исчистете го заглавениот
материјал. Блокирањето на ножот за пила со
работен материјал може да предизвика повратен
удар или запирање на моторот.
11.
Не отстранувајте ги парчињата пресечен
работен материјал додека сечилото работи.
Материјалот може да остане заглавен помеѓу
граничникот или помеѓу штитникот за ножот
за пила и можот за пила и да ви ги повлече
прстите кон ножот за пила. Исклучете ја пилата
и почекајте ножот за пила да запре пред да го
отстраните материјалот.
12. Користете помошен граничник во допир
со основата на масата кога цепите работен
материјал кој е со дебелина помала од 2 мм.
Танкиот работен материјал може да се заглави под
лизгачката основа и да создаде повратен удар.
Причини за повратен удар и поврзани предупредувања
Повратниот удар е ненадејна реакција на работниот
материјал, којашто се должи на заглавено или
блокирано нож за пила или погрешно порамнета
линија на сечење во работниот материјал во
однос на ножот за пилаили кога дел од работниот
материјал се заглавува помеѓу ножот за пила и
надолжниот граничник или друг прицврстен предмет.
Најчесто при повратен удар, задната страна
од ножот за пила го крева од масата работниот
материјал и го придвижува кон ракувачот.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
Никогаш не стојте директно во линија со ножот
1.
за пила. Секогаш поставувајте го телото на
истата страна од ножот за пила со граничникот.
Повратниот удар може да го придвижи работниот
материјал со голема брзина кон секој што стои
напред и во линија со ножот за пила.
2.
Никогаш не посегнувајте над или назад од
ножот за пила за да го извлечете или поддржите
работниот материјал. Може да дојде до случаен
контакт со ножот за пила или пак повратен удар да
ви ги повлече прстите во ножот за пила.
3.
Никогаш не држете го и не притискајте
го работниот материјал што се сече врз
ротирачкото ножот за пила. Притискањето
на работниот материјал што се сече врз ножот
за пила ќе создаде услови за заглавување и
повратен удар.
4.
Порамнете го граничникот да биде паралелен
со ножот за пила. Граничник што е погрешно
порамнет ќе го притиска работниот материјал
врз ножот за пила и ќе создаде повратен удар.
5.
Бидете особено внимателни кога правите
засек во слепи области на склопени
парчиња работен материјал. Испакнатиот дел
од ножот за пила може да пресече предмети, а
тие може да предизвикаат повратен удар.
6.
Поддржете ги големите плочи од материјал
за да го намалите ризикот од притискање врз
ножот за пила и од повратен удар. Големи плочи
од материјал обично се виткаат од сопствената
тежина. Поддршката(и) мора да се постават
под сите делови на плочата од материјал што
надвиснуваат над горната основа на масата.
7.
Бидете особено внимателни кога сечете
работен материјал што е извиткан, со глуждови,
искривен или нема рамен раб за да се насочи
со граничникот за косо сечење или покрај
граничникот. Искривен, со глуждови или извиткан
работен материјал е нестабилен и предизвикува
неправилно порамнување на засекот со ножот за
пила, заглавување и повратни удари.
8.
Никогаш не сечете повеќе парчиња
работен материјал наредени еден врз
друг вертикално или хоризонтално. Ножот
за пила може да подигне едно или повеќе
парчиња и да предизвика повратен удар.
9.
Кога ја рестартирате пилата со ножот за
пила во работниот материјал, поставете го
ножот за пила во засекот, така што запците
на пилата да не го допираат материјалот.
Ако ножот за пила се блокира, може да го
подигне работниот материјал и да предизвика
повратен удар при рестартирањето на пилата.
10. Одржувајте ги ножевите за пила чисти, остри
и со доволен број. Никогаш не користете
искривени ножеви за пила или ножеви за
пила со испукани или искршени запци.
Острите и правилно наместени ножеви за пила
ги намалуваат на минимум заглавувањето,
сопирањето и повратните удари.
Предупредувања за постапките при оперирање
на столната пила
Исклучете ја столната пила и извадете го кабелот
1.
за напојување кога го отстранувате додатокот за
масата, го менувате ножот за пилаа или вршите
приспособување на ножот за цепење, запците
против повратни удари и штитникот за ножот за
пила, како и кога машината е оставена без надзор.
Несреќните случаи ќе ги избегнете со помош на
мерките за претпазливост.
2.
Никогаш не оставајте ја столната пила вклучена
без надзор. Исклучете ја и не оставајте ја додека
целосно не запре. Пила оставена да работи без
надзор претставува неконтролирана опасност.
3.
Поставете ја столната пила во добро
осветлена и рамна област, каде што може да
обезбедите стабилна потпора и рамнотежа.
Монтирајте ја во област што обезбедува
доволно простор за лесно ракување со
големината на работниот материјал. Тесните
и темни области со нерамни лизгави подови се
покана за несреќни случаи.
59 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents